Ви се случило ли некогаш да купите месо и да го заборавите во фрижидер, па тоа некако чудно ви изгледа? Или, пак, не сте сигурни колку време е потребно за правилно готвење на јадењата, па затоа е секогаш корисно да имате точни мерки за тоа кога ќе ви затреба.
Колку време може да се чува храната во замрзнувач и во фрижидер?
- Свинско или говедско месо
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
3 дена 8 месеци (завиткано во кеса)
- Неспакувано свежо сирење
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
5 дена 3 месеци
- Старо сирење
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
15 дена 5 месеци (вакумирано)
- Јагоди
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
5 дена 6 месеци (измиени, исчистени
и посипани со шеќер)
- Ракчиња и шкампи
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
1 ден 5 месеци (измиени)
- Свежа риба
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
1 ден 3 месеци (исчистена и вакумирана)
- Месо од живина
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
2 дена 6 месеци (во пластични кеси)
- Домати
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
1 недела 8 месеци
- Јајца
ФРИЖИДЕР ЗАМРЗНУВАЧ
1 месец 10 месеци (одделени жолчката и белката)
Време на готвење. Готвењето на јадењата толку колку што е потребно е уметност што се учи со искуство, но секогаш е корисно да имате некои точни мерки за тоа кога ќе ви затреба.
- Јагнешко на парчиња, 1 кг
ПЕЧЕНО ВО РЕРНА ПРЖЕНО
75 мин. на 180-200 степени 90 мин. на умерен оган
- Зајачко на парчиња, 1 кг
ПЕЧЕНО ВО РЕРНА ПРЖЕНО
45 мин. на 180 степени 45 мин. на умерено тивок оган
- Цело пиле, 1 кг
ПЕЧЕНО ВО РЕРНА ПРЖЕНО
60 мин. на 180-200 степени 75 мин. на умерен оган
- Телешко на парчиња, 1 кг
ПЕЧЕНО ВО РЕРНА ПРЖЕНО
60 мин. на 200 степени 75 мин. на умерено силен оган
- Свинско каре на парчиња, 1 кг
ПЕЧЕНО ВО РЕРНА ПРЖЕНО
80 мин. на 180-200 степени 90 мин. на умерен оган
- Риба, цела
ВАРЕНА ПРЖЕНА
10 мин. 20 мин.
- Моркови, цели
ВАРЕНИ ПРЖЕНИ
40 мин. 20 минути, исечкани
- Карфиол
ВАРЕН ПРЖЕН
15 минути, исечкан на цветови 25-35 мин.
- Кромид, цел
ВАРЕН ПРЖЕН
35 мин. 20 минути
- Компири
ВАРЕНИ ПРЖЕНИ
40-50 минути,
цели со лушпа 20 минути, исечкани на коцки
- Тиквички, цели
ВАРЕНИ ПРЖЕНИ
20 мин. 5-10 минути