Оваа маска е по руски рецепт што ќе ви помогне да го зајакнете коренот на косата и да го сопрете нејзиното опаѓање, а за да ја подготвите потребна ви е само една намирница.
Проблемот со опаѓањето на косата и слабиот корен на косата е многу честа појава кај луѓето, а производите на пазарот ретко помагаат. Како и за многу останати проблеми поврзани со здравјето и со убавината, така и за овој проблем најдобро решение е природата.
Овој едноставен рецепт за зајакнување на коренот на косата е благодарение на руската докторка Татјана Викторовна Коновалова, а за тоа е потребна само една состојка – морков.
Како одличен извор на витамин бета каротен и витамин А, морковот не само што е добар за видот, туку влијае и на здравјето на вашиот скалп што е од основно значење за здрава коса.
Хранливите материи кои ги содржи морковот можат да го подобрат здравјето на косата, ноктите и кожата. Покрај тоа, морковот помага и во детоксикација на целиот организам и во создавање на нови клетки.
Подготовката е прилично едноставна: на најситната страна од рендето изрендајте неколку свежи моркови и втријте ги во коренот на косата. Оставете да делува 15 минути, а потоа добро измијте ја косата на вообичаен начин.
На почетокот маската секогаш нанесувајте ја пред миење на косата најмалку 5 пати по ред.
Кога косата ќе ви се зајакне, доволно е да нанесувате рендан морков еднаш месечно, а првичните резултати ќе ги забележите после неколку третмани.