Занимливости
Природен лек за сивите влакна

Моментот кога ќе го забележите првото сиво влакно на косата може да биде доста застрашувачки. Како се случи ова? Дали сум под преголем стрес? Можеби стареам?

Иако сивата коса е знак на стареење или мудрост, во зависност од вашата гледна точка, повеќето од нас би сакале да го поправат ова кога би биле во можност.

 

Лесно е да купите фарба и да ја бојадисате косата. Сепак, некои од нас ја мразат помислата дека мора да го повторуваат процесот на фарбање секој месец и не сакаат да ја уништат косата од хемикалиите.

 

Затоа, за среќа, постојат природни начини да се ослободите од сивите влакна.

 

Посивувањето на косата може да биде предизвикано од разни фактори како хормонални проблеми, пушење цигари, стрес, загадувања, хронични настинки, синузитис, нарушувања на тироидната жлезда, неправилна и недоволна исхрана, хемотерапија или низок меланин.

 

Прво нешто што треба да направите против сивите влакна е да ја најдете причината за истите и потоа да го промените вашиот животен стил и исхрана.

Меѓутоа, кога сивата коса е надвор од вашата контрола, постои начин да го поправите тоа со само две природни состојки кои веројатно веќе ги имате во вашиот дом.

 

 

Состојки:

 

50 мл органско кокосово масло (или доволно за да ја намачкате цела косата)

3 лажички свежо исцеден органски сок од лимон

 

01

 

Начин на употреба:

 

Ставете го состојките во сад и мешајте ги сè додека не се добро соединети. Потоа масирајте ја смесата во косата и скалпот додека цела коса не е целосно покриена. Нека седи еден час пред да ја измиете со благ шампон. Ќе треба да го повторите овој процес еднаш или двапати неделно.

 

Кокосовото масло помага да се подобри состојбата на вашата коса, состојбата на скалпот, да се промовира растот на косата, да се зајакнат вашите влакна, да се третира оштетената коса, како и да се врати првобитната боја на влакното. Исто така помага во борба против првут.

 

Витаминот Б, Ц и фосфорот кој го има во сокот од лимон, исто така ја храни косата, ги спречува причините за сивата коса и прераното обелување на влакното.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: