Занимливости
Природни решенија за чести проблеми со телото

Да бидеме реални, сите имаме проблеми со телото и обично не сакаме да зборуваме за тоа. Тоа може да ја намали нашата самодоверба и проблемите да станат повеќе од очигледни како што старееме.

 

Ако имате проблем со телото на кој не сте горди и од кој се срамите, не грижете се! Секој знак што ни го испраќа телото, од лош здив до испукани стапала и пети, е само симптом на нерамнотежа во организмот што може да се поправи со едноставна промена во вашата исхрана, со намалување на стресот или со консумација на разни суплементи.

 

Добрата вест е дека решенијата на многу од овие проблеми се природни, лесно изводливи и евтини.

 

1. Лош здив

 

01

 

Џвакањето мастики без шеќер го зголемува лачењето на плунка, која ја плакне устата и ги отстранува бактериите. Јадете поретко лук, пијте многу вода и џвакајте свежи листови нане или магдонос што може исто така да го подобрат вашиот здив.

 

 

2. Суви и испукани стапала

 

02

 

Пред да си легнете, киснете ги нозете во када полна со топла вода и течен сапун околу 20 минути. Потоа користете турпија за нозе или камен за нежно да ја отстраните мртвата кожа. По плакнење на нозете со чиста вода, намачкајте ги со крема за стапала или со маслиново масло. Облечете памучни чорапи и така спијте. Повторете го процесот онолку пати колку што е потребно.

 

 

3. Прекумерен мирис на телото

 

03

 

Јаболковиот оцет е познат дека го отстранува мирисот кој го предизвикуваат бактериите со тоа што ја намалува pH вредноста на кожата. Многу луѓе тврдат дека триење парчиња лимон под пазувите го дава истиот ефект. Намокрете ги пазувите со вода пред да ги триете со лимон и потоа избришете ги со сува крпа. Исхраната исто така, влијае на начинот на кој ние им мирисаме на другите. Јадете повеќе храна богата со хлорофил, како што е кељ, спанаќ, брокула, и други зеленолисни растенија.

 

 

4. Проретчена коса

 

04

 

Првиот чекор е да се ослободите од напнатоста. Стресот може да игра голема улога во една од најчестите причини за губење на косата. Ако постојано се чувствувате под притисок обидете се со медитација, јога, или терапија за да се ублажи притисокот. Неухранетоста, исто така може да игра улога во проретчена коса. Протеините се одлични за формирање на здрава коса, па зголемување на вашата доза на здрави извори на протеини како јадење на ореви, посно месо, грав, може да им помогне на вашите локни. Мажите и жените кои имаат дефицит на биотин и цинк може да земат додатоци на овие витамини. Разговарајте со вашиот лекар или нутриционист за тоа дали е можно да имате дефицит.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: