Занимливости
Природни решенија за прекумерното потење на лицето

Прекумерното потење на лицето е честа појава, особено во летните периоди. Но, дали претерано се потите и кога температурите не се многу високи? А, пак, кога надвор температурите се ужасно високи, вас ви е непријатно, особено поради трагите пот на облеката, меѓутоа доколку и целото лице постојано ви се поти, тоа е проблем и се нарекува хиперхидроза.

 

Важно е да знаете дека потењето е природен процес со кој телото по потреба се разладува, со тоа што кај некои луѓе е значително поизразено и може да биде доста непријатно.

 

За среќа, постојат едноставни, домашни, ефективни и безбедни начини со кои може да го ублажите овој проблем. Доколку не го олеснуваат овој проблем, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

 

  • Тоник со алое

 

Потењето на лицето може да се ублажи со тоник што содржи големо количество алое. Го има во повеќето аптеки, а можете и сами да го направите.

Ако дома имате билка алое, исцедете го сокот и со него еднаш дневно мачкајте го лицето.

Алоето има ефект на ладење и брзо и едноставно го регулира претераното потење на лицето.

 

  • Бебешка пудра

 

Бебешката пудра ги упива вишокот течности и се смета дека ја забавува работата на потните жлезди, па затоа се смета како препарат што може да помогне при потење на лицето. Тоа што треба да го направите е едноставно да натапкате мало количество бебешка пудра на лицето.

Сепак, постојат предупредувања дека треба да бидете внимателни со употребата за да не ги запушите порите, а доколку страдате од прекумерно потење, пред сè консултирајте се со вашиот лекар.

 

  • Сок од краставица

 

Познато е дека краставицата благотворно делува на кожата на лицето, па затоа е одлична и за прекумерното потење.

Доволно е да исцедите една свежа краставица, со сокот да натопите топка памук и со него да го премачкате лицето. Тоа ќе ве спаси од потење неколку часа.

 

  • Лед

 

Ледот може да биде мошне делотворен за испотеното лице.

Потребно е само да го ставите во чиста ткаенина и со тоа благо да го триете лицето. Така ќе го разладите лицето и ќе го намалите потењето барем за некое време.

 

  • Правилна исхрана

 

Избегнувајте зачинете храна, алкохол и преголемо количество на сол – ќе ви олесни и нема да предизвика дополнително потење.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: