Дали и колку ќе поцрнете од сончањето во лето најмногу зависи од тоа колку вашиот организам создава меланин – темен пигмент кој ја дава бојата на кожата.
За среќа, на интензитетот и траењето на бојата можете да влијаете и без многу сончање така што во своето мени ќе внесете намирници богати со каротеноиди – морков, домат, спанаќ, лубеница, црвен портокал и слично, а морковот е и одлична состојка за домашно масло кое помага при потемнување.
Морков за совршен тен
Морковот е најдобар избор ако сакате исончан тен. Богат е со витамин А и со бета каротен, се користи во препаратите за сончање бидејќи ја обновува кожата, го забавува нејзиното стареење и го забрзува потемнувањето.
Состојки:
– 1 поголем морков
– 10 мл масло од сончоглед
– 90 мл светло масло од сусам
Подготовка:
Морковот прво исушете го, па ситно изрендајте го и помешајте го со сончогледовото масло. Ставете ги во стаклен сад и оставете го маслото две недели. Погрижете се морковот да биде потполно покриен со масло. За тоа време, морковот ќе испушти бета каротен во маслото.
По две недели, процедете го маслото и помешајте го со сусамовото масло. Користете го маслото по потреба.
Маслото од сусам ќе ја штити кожата од изгореници, а бета каротенот од морковот ќе го забрза создавањето на меланин.