Токму кога мислевте дека на интернетот нема ништо по сурфањето цел ден, овој човек се појавува на вашиот екран!
Станува збор за поранешен модел што се преобразува во готвач – 28 годишниот Франко Нориега од Перу кој е тука за да ве инспирира да јадете здраво со неговиот навистина неверојатно добар изглед.
Тоа што е интересно е дека готви речиси гол. Неговите алатки се добро обликуваните раце, перфектните стомачни мускули и блендерот.
Со шпанскиот акцент во неговите видеа и едноставните, здрави рецепти, неговиот јутуб канал ‘’Franco Cooks’’ достигнува илјадници прегледи.
За вас ги одвоивме нашите омилени видеа – подготвување на хумус и здрава каша acai bowl на шпански јазик. Голем плус е да знаете шпански, а може и без тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=HJDr5qz9nyI
Сите рецепти се прилично лесни кои не бараат никакво вистинско готвење искрено, но нема да му замериме. 🙂
https://www.youtube.com/watch?v=XKdHiRfCy90
Приказната e дека Нориега се преселил од Перу во Њујорк во 2007 година, откако бил забележан од модниот фотограф Марио Тестино.
Почнал со глума и во 2014 година присуствувал на Меѓународниот Кулинарен Центар. Оттогаш, моделот отворил перуански ресторан за здрава исхрана наречен Baby Brasa во Њујорк и по година работење, редот за да се дојде до маса е сеуште долг.
(Можете да го следите на Instagram на @franconorhal 😉 )
Додека ние лично не можеме да разбереме збор што кажува, прилично сме сигурни дека тој е најдобриот готвач некогаш! Само се шегуваме но, тој е дефинитивно во топ 10.
Ние го предизвикуваме секој да се обиде да подготви оброк заедно со видеото од Нориега и веднаш да не промрмори “Што всушност правиме?”.
Впрочем, не е важна дестинација – важно е прекрасното патување.