Занимливости
Решенија за сите грешки во кујната

Во кујната често се прават некои мали грешки што во секој случај може да се поправат. Прочитајте како.

 

 

1. Доматниот сос е пресолен? Додајте еден суров, излупен компир во сосот и продолжете да го варите уште неколку минути. Компирот ќе го апсорбира вишокот на сол. За отсолување на сосовите не се користи шеќер; тој е корисен за ублажување на киселоста на свежите домати.

 

 

2. Секогаш сосовите умерено посолувајте ги на средината од варењето, а соленоста регулирајте ја на крајот. Сосот се посолува на крај само ако содржи состојки како маслинки, риба и морски плодови.

 

passata di pomodoro

 

3. Доколку сосот од прженото месо е пресолен, додајте неколку лажици павлака или млеко, па загрејте го мешајќи го, но не го оставајте да зоврие. Ако сосот е премногу редок, згуснете го со една лажица путер замесен со исто количество брашно.

 

 

4. Овенатата зелена салата ќе „оживее“ доколку листовите ги оставите во сад со ладна вода и сок од 1 лимон, и така ја оставите во фрижидер половина час. Ако магдоносот е овенат, во вода држете ги само стебленцата. Во салатата од целер, сокот од лимон заменете го со шеќер.

 

marula

 

5. Доколку во бешамелот се направат грутки, исцедете го низ цедалка, а грутките испасирајте ги. Ако бешамелот е премногу густ, додајте малку топло млеко. Ладното млеко нема добро да се соедини со сосот.

 

бешамел

 

6. Тестото со јајца не ви се расукува добро бидејќи е многу еластично. Можеби не сте го оставиле да отстои доволно долго. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го во фрижидер уште 30 минути. Доколу пак тоа е премногу суво, месете го уште неколку минути мокрејќи ги рацете со вода.

 

 

7. Премногу ретката чорба можете да ја згуснете додавајќи варен грав од конзерва, кој сте го испасирале, или неколу лажици скроб од компири, измешан со малку млеко. Во спротивно, само испасирајте 1 варен компир и додајте го на супата.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: