И покрај англиската поговорка „едно јаболко на ден и лекар не е потребен“, лековитите својства на јаболкото многу често се запоставуваат.
Во минатото, зрелите јаболки се користеле како лаксативи, а незрелите против дијареа. Во галенската медицина јаболките се користат за сокот кој се препишува за треска и очни инфекции. Истражувањата покажуваат дека јаболките можат да го намалат нивото на холестерол во крвта.
Јаболкото е добро за подобрување на сонот, против хроничен замор, труење, висок притисок, несвестица, прекумерна тежина, главоболки, мигрени, пролив, повраќање, вртоглавица, проширени вени. Суровото како и печеното јаболко го олеснува варењето.
За вас издвоивме 8 традиционални рецепти со јаболко што се користеле уште во минатото за превенција на разни болести.
1. Сок против анемија
Секое утро на гладен стомак треба да се изеде 1 изрендано јаболко прелиено со свежо исцеден сок од половина лимон, 1 лажица домашен шумски мед и 1 лажиче сок од дренки.
2. Јаболков оцет против дебелеење
Од плодовите на дивото јаболко се подготвува јаболков оцет, или купечки оцет, се пие за намалување на дебелината, а лекува и болести на кожата, бубрези, мочен меур, камен во желудникот, хемороиди, срцебиење и ги смирува нервите.
3. Гнили јаболки против ишијас
Гнилите јаболки (најдобро е доколку се диви) се одличен лек против ишијас. Болните места едноставно се обложуваат со јаболкото и тоа се повторува со денови сè додека не се почувствува олеснување.
4. Купка и пијалак против меланхолија
Во водата за капење (која не треба да биде премногу врела) се додаваат 5-6 лажици јаболков оцет и 1 л чај од смрекини бобинки. По 15 минутно капење, напијте се и сок од свежо јаболко со лимон и мед или чаша јаболково вино.
5. Печено јаболко против опстипација
Извонреден начин да се регулира столицата и да се отстрани запекот е секојдневно да се зема оброк од 1 печено јаболко со леб или уште подобро со лажица јачмен, пченица или ‘рж.
6. Каша за потење, за подобрување на сонот и за лекување на болестите на крвта
Се сечка јаболкото и се вари во вода сè додека не се добие каша, се додаваат мед и лимонов сок и се пие врело. Предизвикува потење кое е добро при настинка, грип и висока температура. Обичната јаболкова каша го подобрува сонот и ги лекува болестите на крвта.
7. Храна за доенчиња
Се ренда излупено јаболко и на 1 лажица се додаваат 2 лажици мелени бисквити, 2 лажици шеќер во прав и 1 лажица сок од лимон.
8. Универзален чај од јаболко
Пет минути треба да се варат 2,5 дл вода со 1 лажица мед и сок од 1 лимон. Со тоа се прелеваат 10 г јаболков цвет и се остава да отстои поклопено 15 минути. Потоа се цеди и се пие за јакнење на нервите, срцето, белите дробови, за регулирање на варењето и за ублажување на кашлицата и кивавицата. Исто така овој чај извонредно ја гаси жедта во врелите летни денови.