Две волшебни состојки кои ве подмладуваат од внатре и надвор!
Се прашувате што е еликсир на младоста? Руските експерти веруваат дека го знаат одговорот! Она што тврдат дека ви е потребно е малку цвекло и квалитетна вотка.
Подготовка: Една стаклена флаша речиси до врвот наполнете ја со ситно рендано, свежо цвекло. Цвеклото прелијте го со квалитетна вотка, па добро затворете ја флашата. Оставете да стои на топло место 12 дена, но за тоа време повеќе пати во денот протресувајте го шишето.
Кога ќе поминат 12 дена, процедете ја течноста од флашата и секој ден пред јадење пијте по една мала чашка.
Руските експерт веруваат дека овој еликсир го чува здравјето, го полни организмот со витамини и енергија, а ако го пиете редовно ќе се чувствувате како да имате крилја.