Занимливости
Како да се ослободите од стресот: еве што да јадете

Стрес: збор што е секојдневен во вокабуларот на нашиот бурен живот. Ова зло на денешницата штети не само на нашата психа, туку и на нашето тело и физичкото здравје.

 

За среќа, можеме да најдеме некои корисни сојузници во храната што помагаат во ублажувањето на негативните ефекти на стресот дури и во нивното целосно отстранување.

Витамини од групата Б, фолна киселина, омега 3, цинк, магнезиум и растителни влакна: овие елементи го одржуваат непроменливо нивото на шеќер во крвта и го обезбедуваат организмот со антиоксиданти.

 

Прочитајте во кои видови храна може да се најдат овие корисни состојки и како може да одржуваме режим на исхрана што ќе ни помогне да се избориме со секојдневниот стрес.

 

 

1. Јогурт

 

01

 

Пробиотиците кои ги содржи јогуртот се корисни за здравјето на цревата, па затоа тие претставуваат важен сојузник против стресот и обезбедуваат правилно функционирање на нашиот имунолошки систем.

 

 

2. Зеленчук и овошје

 

Мешункастите зеленчуци како брокула, зелка, кељ, спанаќ и аспарагус, но и сите зеленчуци со темновиолетова боја, содржат супстанции кои може да го неутрализираат стресот и да ја подобрат функцијата на нашиот ум.

Против стрес јадете овошје, на пример банани. Благодарение на калиумот што го содржат, бананите може да ви помогнат да го задржите под контрола нивото на крвниот притисок.

 

01

 

Боровинките се богати со растителни влакна и антиоксиданси, јаболките, крушите и аргумите (портокал, лимон, мандарини, грејпфрут) се богати со влакна, железо и витамини Б и Ц и во комбинација штитат од штетните влијанија на стресот.

 

 

3. Јаткасти плодови

 

01

 

Оревите, бадемите, ф’стаците главно содржат магнезиум, но и бројни витамини од кои Б и Е што се добри за зајакнување на имунитетот и се спротивставуваат на заморот на мозокот. Збогум, стресу!

 

 

 

4. Чаеви

 

01

 

Според неодамнешни истражувања, чаевите (особено црниот чај) содржат значителни количини на кортизол – хормон што го намалува стресот.

Слично на тоа, постојат бројни релаксирачки билни чаеви (камилица, портокал, маточина) што содржат важни релаксирачки својства кои може да бидат од голема важност за мирен и спокоен сон или наутро наместо кафе за започнување на денот на мирен начин.

 

 

5. Мисиркино месо и риба 

 

Белото мисиркино месо содржи супстанции кои го стимулираат производството на серотонин, хормонот за добро расположение. Се препорачува да се јаде еднаш до двапати неделно и може да помогне за одржување на расположението и отстранување на тензијата и менталната исцрпеност.

 

Омега 3 масните киселини што ги содржи рибата помагаат не само за намалување на нивото на стрес, но и за спречување депресија и го штитат организмот од проблеми со срцето.

 

 

6. Мешунки и овес

 

Наут, грашок, леќа, грав: содржат неверојатна лековити својства. Тие се богати со магнезиум (кој ја спречува анксиозноста и стресот, помага во ублажување на симптомите на предменструален синдром), железо и фолна киселина, кои се исто така корисни за правилно функционирање на нервниот систем.

Консумирајте една порција мешунки 3-4 пати неделно што ќе ви помогне за чистење на телото од отрови од секојдневниот стрес.

 

Овесот, покрај тоа што е богат со протеини и со низок гликемиски состав, содржи и бројни релаксирачки својства.

Започнете го денот без стрес и направете си овесна каша – многу експерти за храна и нутриционисти ќе ве поддржат во тоа.

 

 

7. Чоколадо

 

01

 

И, за крај: чоколадо. Направете отстапување од диетата и дозволете си парче чоколадо – ќе ви помогне да се расположите поради тоа што го стимулира производството на серотонин.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: