Занимливости
Што е најдобро да јадете пред испит?

Според истражувањата на двајца американски нутриционисти, оброците и ужинките што студентите ги јадат ден пред испитот треба да содржат јаглехидрати со низок глихемиски индекс.

Храната со низок глихемиски индекс му обезбедува на организмот долготрајна и одржлива енергија. Лебот, житарките, кафеавиот ориз, леблебиите, слаткиот компир и сите видови тестенини не спаѓаат во исхрана со низок глихемиски индекс – значи дека треба да се одбегнуваат во овој период. За поголема концентрација можеби е добро да ги комбинирате овие намирници со протеин, велат нутриционистите. На пример, направете оброк од житарки со млеко, тост со јајце или бисквити со туна и сирење – сите слични комбинации се добродојдени.

Кога го креирате дневното мени во текот на испитната недела, одлична идеја е да додадете чинија „виножито од зеленчуци“ секој ден.

Според нутриционистите, при учењето се трошат огромен број на калории, така што вашата исхрана треба да се состои од нутритивно богати оброци во кој се вклучени и зеленчуците, почнувајќи од светлата нијанса сè до темните зеленчуци. Со комбинирање на разни обоени зеленчуци во вашата чинија е сигурно дека ќе добиете доволно хранливи материи за поттикнување на работата на мозокот и на телото.

Обидете се во текот на испитната сесија да избегнувате оброци со многу шеќер, благи десерти и чоколади.

Колку што шеќерот ќе ви даде енергија, таа нема долго да трае и по час или два ќе ви ја одземе истата.

Заменете го кафето со чај од билки во попладневните часови. Премногу кофеин може да го наруши вашиот сон.

Додека кафето може да биде подобар избор за некои луѓе, понекогаш кофеинот може да влијае на вашиот сон, т.е времето кога вашиот мозок треба да се опоравува од денот поминат учејки, велат научниците. Црниот и зелениот чај имаат многу помалку кофеин од кафето.

Ноќта пред вашиот испит, добра вечера со јаглехидрати и една порција со протеини ќе ви помогнат да се разбудите со енергија.

Пилешко промешајте го со кафеав ориз, лосос на скара со сладок компир, шпагети Болоњезе и домашно бурито. За што и да се одлучите нема да погрешите бидејќи сите се идеален оброк.

Пред спиење треба да се избегне каква било храна која е богата со шеќер или масти. Јадења како пица, крем тестенини, колачи, бисквити ќе се плеткаат со вашиот сон и ќе ви остават чувство на летаргичност во утринските часови.

Знаеме дека е тажно, но тоа е вистина.

Доколку сакате нешто слатко за десерт, одлучете се за мала количина на чоколадо, грчки јогурт, или топол пијалак со млеко.

Кога станува збор за појадокот пред испитот, погледнете назад на магичната комбинација од ниски јаглехидрати и посни протеини, но слободно додајте уште протеини тоа време.

„Храната со протеини ќе го одржи вашиот ум активен”, велат научниците.

Ако имате два испити во еден ден, обавезно понесете си банани со вас.

Бананите се богати со витамин Б6, така што тие се одлични за производство на енергија.

Со среќа на сите!

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: