Занимливости
Што кажува датумот на раѓање за вас?
Родендените се денови за славење, радост и веселба. Постои систем на верување кој се базира на значењето на бројките содржани во вашиот датум на раѓање. Се верува дека вашиот број на раѓање опишува кои сте, кои се вашите таленти, па дури и неоткриените способности за себеси. Нашиот датум на раѓање определува што треба допрва да научиме, какви и кои се предизвиците со кои што наскоро ќе се соочиме. Во поширока смисла, вашиот датум на раѓање дава краток преглед на вашиот живот, опишува кои сте навистина, во што сте добри и кои се вашите неоткриени способности. Следете го следниот чекор и забавувајте се!

 

КОЈ Е ВАШИОТ ДАТУМ НА РАЃАЊЕ?

 

На лист хартија напишете ги денот, месецот и годината во кои сте родени. Потоа соберете ги бројките со цел да добиете само еден единствен број. Следете го примерот подоле:

 

20 Март, 1950 година

3 + 20 + 1950 = 1973
1 + 9 + 7 + 3 = 20
2 + 0 = 2

 

Кога ќе добиете двоцифрен број, соберете го и на крај, според примерот, ќе добиете единствен број 2 – ВИЕ СТЕ МИРОТВОРЕЦ. Тој е бројот што треба да го барате во карактеристиките подолу.

 

 

 

#1 – ВИЕ СТЕ СОЗДАВАЧ

 

Оригинални сте. За вас добивање на нови идеи и нивното реализирање е сосема природно. Сакате да поседувате работи. Тоа е една од карактеристиките што ве прават тврдоглав и арогантен. Меѓутоа, вие сте исклучително искрена личност и добро е да научите повеќе дипломатски вештини. Сакате да ги преземете иницијатива и често сте лидери или газди – едноставно сакате да бидете најдобри.

Совет: Бидете со отворен ум, идеите на другите би можеле да бидат исто толку добри или подобри од вашите.
Познати личности под број 1 се: Tom Hanks, Robert Redford, Hulk Hogan, Carol Burnett, Wynona Judd, Nancy Reagan, Raquel Welch.

 

#2 – ВИЕ СТЕ МИРОТВОРЕЦ

 

Вие сте родени дипломати. Свесни сте за потребите и расположението на другите и често мислите на другите пред себеси. По природа сте аналитички настроени и многу интуитивни. Не сакате да бидете сами. Пријателството и друштвото е многу важно за вас и може да ве доведат до успех во животот, но од друга страна би одбрале повеќе да бидете сами, отколку во нездрава врска.

Совет: По природа сте срамежливи и треба да научите да ја зголемите својата самодоверба, да се изразувате слободно и да го искористите секој момент без да ги одолжувате работите.

Познати личности под број 2 се: Bill Clinton, Madonna, Whoopee Goldberg, Thomas Edison, Wolfgang Amadeus Mozart.

 

#3 – ВИЕ СТЕ КРЕАТОРОТ НА ЗАБАВАТА

 

Вие сте многу креативни, друштвени, шармантни, романтични и релаксирани. Почнувате многу работи одеднаш, но не секогаш ги реализирате. Сакате да ги направите другите среќни и вложувате многу напор во постигнување на таа цел. Во друштвото сте многу популарни и обожувани.

Совет: Tреба да научите да го гледате светот од пореалистична гледна точка.
Познати личности под  број 3 се: Alan Alder, Ann Landers, Bill Cosby, Melanie Griffith, Salvador Dali, Jodi Foster.

 

# 4 – ВИЕ СТЕ КОНЗЕРВАТИВНИ

 

Вие сте чувствителни и традиционални. Сакате ред, дисциплина и напорна работа. Не поднесувате седење во место, сакате да се потрудите и да работите напорно. Љубители сте на природата и се чувствувате како едно со неа. Стрпливи сте во врска со постигнување на посакуваната цел, а исто така сте и се тврдоглави и упорни.

Совет: Треба да научите да бидете пофлексибилни и подобри кон себе.

Познати број 4 се: Neil Diamond, Margaret Thatcher, Arnold Schwarzenegger, Tina Turner, Paul Hogan, Oprah Winfrey

 

# 5 – ВИЕ СТЕ НОНКОНФОРМИСТ

 

Вие сте истражувачи. Вашата природна љубопитност, преземање на ризик и ентузијазам често ве ставаат во незгодна ситуација. Потребна ви е разновидност и не сакате да сте заглавени во рутината. Целиот свет е вашето училиште и гледате можност за учење во секоја ситуација. Прашањата никогаш не запираат.

Личностите под број 5 се советуваат добро да размислат пред да преземат акција и да бидат сигурни дека ги знаат сите факти пред да избрзаат со заклучоци.

Познати број 5 се: Abraham Lincoln, Charlotte Bronte, Jessica Walter, Vincent VanGogh, Bette Midler, Helen Keller and Mark Hail.

 

 

# 6 – ВИЕ СТЕ РОМАТИЧНИ

 

Вие сте идеалисти и потребно ви е да се чувствувате корисни за да бидете среќни. Силната фамилијарна врска е важна за вас. Вашите дела влијаат на вашите одлуки. Имате силна потреба да се грижите за другите и да им помагате. Вие сте многу лојални и сте одлични учители! Ја сакате уметноста и музиката. Лојални пријатели сте и сериозно го сфаќате поимот пријателство.

Совет: Треба да научите да правите разлика помеѓу тоа што можете да го промените и тоа што не можете.

Познати под број 6 се: Albert Einstein, Jane Seymour, John Denver, Merlyn Steep, Christopher Columbus, Goldie Hawn

 

 

# 7 – ВИЕ СТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ

 

Вие сте истражувачи – секогаш љубопитни за скриени информации, сметате дека е тешко да се прифатат работите по номинална вредност. Емоциите не влијаат на вашите одлуки. Преиспитувате сè во животот и не сакате да бидете несигурни или во дилеми. Никогаш не брзате на почетокот и вашето мото е дека бавно и стабилно се победува на трката. Личностите под број 7 се познати како филозофи кои се добро информирани, а понекогаш и осамени. Тие се склони технички да направат добри истражувања на информации. Сакаат тајни.

Совет: Живеете во свој свет и треба да научите што е прифатливо, а што не е во светот во целина.

Познати под број 7 се: William Shakespeare, Lucille Ball, Michael Jackson, Joan Baez, Princess Diana

 

# 8 – ВИЕ ЦЕЛИТЕ НА ГОЛЕМО

 

Вие сте решавачи на проблемите. Вие сте професионални, без влакна на јазикот и поседувате добри расудувачки и одлучувачки способности. Имате големи амбиции и сакате да живеете добар и луксузен живот. Сакате да ги водите луѓето и објективно гледате на нив. Во секоја ситуација сакате да докажете дека сте главни.

Совет: Треба да научите да донесувате одлуки според своите потреби, а не според она што сакаат другите.

Познати под 8 се: Edgar Cayce, Barbara Streisand, George Harrison, Jane Fonda, Pablo Picasso, Aretha Franklin, Nostrodamus.

 

 

# 9 – ВИЕ СТЕ ИЗВЕДУВАЧИ

 

По природа сте забавна личност. Вие сте многу внимателни и великодушни, би го дале последниот денар за да помогнете некому. Со вашиот шарм, вие немате проблем со градење на пријателски односи и врски, отворени сте и никој за вас не е странец. Понекогаш имате толку многу различни особини што на луѓето околу вас им е тешко да ве разберат. Вие сте како камелеони – секогаш се менувате и се прилагодувате. Ве прати огромна среќа, меѓутоа често патите од нагли промени на расположение.

Совет: За да бидете успешни, треба сите работи што ги правите да се градат на база на љубов.

Познати под број 9 се: Albert Schweitzer, Shirley MacLaine, Harrison Ford, Jimmy Carter, Elvis Presley

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: