Без разлика дали подготвувате неколку хамбургери на скара за семејна вечера или планирате седенка со пријателите на отворено, ви нудиме неколку совети што треба да ги научите за подготвување скара во зависност од видот на скара, неколку трикови за времето на печење на месото и техниките. Откако ќе ги усовршите истите, тоа што ви преостанува е само да ја организирате забавата и да уживате во вкусната скара со пријателите и семејството!
1. Научете повеќе за скарата на која ќе печете
- Скара на јаглен
– Потребни се 20 минути да се загрее јагленот
– Му дава на месото доста интензивен мирис на чад
– Тешко е да се одржи постојана температура
– Пепелот мора да се чисти после секоја употреба
- Електрична скара
– Може да се користи во затворен простор
– Одлична е за помали области
– Се загрева побрзо
– Не му дава на месото мирис на чад
- Гас скара
– Лесно се чисти и користи
– Потребни се 10 минути за да се загрее
– Полесно постигнува постојана температура отколку скарата на јаглен
2. Трикови и совети
– Намастете ја решетката за скара за да не се лепи месото. Едноставно земете една хартија потопена со масло и премачкајте ја скарата со помош на фаќалка.
– Трудете се да го превртите само еднаш месото додека се пече.
– Не печете замрзнато месо на скара. Месото секогаш треба да се одмрзнува пред печење.
– Не ги притискајте плескавиците со виљушка на скарата додека се печат. Така ќе се исцеди течноста од месото и ќе биде суво.
3. Потребно време за печење на месото
Говедско месо
– Говедско месо без коска: 12-18 минути
– Говедско месо со коска: 11-18 минути
– Плескавици од говедско месо: 10-16 минути со едно превртување
Пилешко месо
– Пилешки гради: 8-12 минути
– Пилешки копани: 20-30 минути со превртување на секои 5-7 минути
– Пилешки крилца: 16-18 минути
Свинско месо
– Кременадли: 12-16 минути
– Колбасици: ако се претходно печени, потпечете ги на скара само 4-6 минути, во спротивно печете ги на скара 8-12 минути
Риба
– Рибји филети: 4-6 минути (со дебелина 1,30 см) со едно превртување
– Цела риба: 8-12 минути
– Ракчиња: 5-7 минути
4. Повеќе од месо
Зеленчук
Премачкајте ги парчињата омилен зеленчук со масло и зачинете ги со сол и бибер. Печете ги на скара 4-10 минути во зависност од зеленчукот и дебелината на парчето. Превртете ги само еднаш за да имате белези од скарата.
Пица
Расукајте го тестото тенко и премачкајте го со масло, а потоа ставете го да се пече на средно згреана скара која е премачкана со масло. Прво печете го тестото на отворена скара додека добие златнокафена боја. Потоа сврете го тестото, премачкајте го со кечап, ставете кашкавал и друг фил по желба, затворете/ покријте ја скарата и печете додека тестото добие златнокафена боја, а кашкавалот се стопи.
Кашкавал на скара
Направете го вашиот омилен сендвич со кашкавал на скара, но употребете подебели кришки леб премачкани со путер. Ставете го сендвичот на загреана скара и печете го додека не добие златнокафена боја, а потоа превртете го и печете го и од другата страна.