Занимливости
Со акупресура против брчки

Појавата на брчки е физиолошка, конституционално наследна условена промена на еластичноста на кожата што се јавува во зрелата и во поодминатата возраст. Брчките може да се јават и поради прекумерно изложување на сонце, ветер и воздух, нарушување на циркулацијата на кожата на лицето. Брчките може да се формираат и кај срцеви болни, кај лица со белодробни и бубрежни заболувања, анемија, болести на метаболизмот и други заболувања. Треба да се нагласи и тоа дека брзото слабеење може да предизвика појава на брчки. Тие можат да настанат и поради козметички грешки (несоодветно користење на средства за нега, нестручно изведени лифтинзи) како и поради нарушување на психата – трауми, депресии.

 

Со масажа на овие точки се оддолжува нивното појавување. Масажата на точките на лицето може да ја изведете сами. Со лесен притисок на самата точка (која одговара на дадената точка од сликата) се подобрува протекувањето на крвта, со што се стимулира дотекувањето на енергијата во дадените акупресурни точки.

 

БРЧКИ ОКОЛУ УСТАТА

Точка број 4 – Се наоѓа точно под носот, во средината на јамичката над горната уста. Тоа е биолошко-активна точка која влијае на подобрувањето на мускулниот тонус на горната уста.

Точка број 5 – Се наоѓа во горниот дел на брадата, под долната уста. Дејствува на тонусот на мускулатурата на долната уста. Исто така, дејствува и на подобрување на психичката состојба.

Точка број 6 – Ова се парни точки што се наоѓаат на околу 0,5 см, странично од усниот агол. Со притисок на овие точки се регулира саливацијата (лачење на плунка) и влијае на тонусот на мускулите. Со врвовите на двата прста се прават вртливи движења, но може и сосема лесно да се потштипнувате.

Точка број 8 – Се наоѓа точно под страничниот агол на ноздрвата. Физиолошката улога се совпаѓа со точката број 4.

 

akopresura

 

 

БРЧКИ ВО ОБЛАСТА НА ЧЕЛОТО

Точка број 10 – Оваа точка се наоѓа на средината меѓу двете веѓи, точно на местото каде што се среќаваат двете коски на челото. Во оваа точка можете посилно да притиснете и да го триете местото.

Точка број 11 – Се наоѓа на вертикалната замислена линија што се повлекува од зениците на двете очи кон косматиот дел на главата. Тој дел се дели на три замислени дела. Точката се наоѓа меѓу првиот и вториот дел. Со притискање на оваа точка се влијае на исхраната на кожата и на мускулатурата над веѓата.

Точка број 32 – Се наоѓа на горниот агол на челото, на самата граница на косматиот дел. Ако имате болки поради воспаление на некој нерв, тогаш може да се масира во права линија кон средината на челото. Оваа точка е наречена чувар на главата.

 

БРЧКИ ОКОЛУ НАДВОРЕШНИОТ АГОЛ НА ОЧИТЕ

Треба кратко и нежно да ги притиснете следниве точки:

Точка број 39 – Се наоѓа точно на надворешниот раб на очната длабнатина.

Точка број 40 – Се наоѓа на средината на долниот очен капак. Оваа точка има посебна примена во козметиката, затоа што со нејзиното масирање се намалуваат подочниците.

Точка број 41 – Се наоѓа еден сантиметар под точката број 40.

Точка број 42 – Се наоѓа на истата вертикала како претходните две точки, само што е сместена на ниво на долниот раб на носницата.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: