Занимливости
Совршена формула за секој коктел

Алкохолните коктели, особено во летниот период, се идеални да ги подготвите за вашите гости за специјални пригоди, родендени и прослави, но најдобро е да го знаете правилниот начин. Еве една совршена формула за подготовка на секој вид коктел со кој ќе ги воодушевите гостите.

 

01

 

Совршена формула за коктели

 

 

Повеќе не е потребно да паметите и запишувате бројни рецепти за коктели, доволно е да се сетите на овој едноставен трик.

 

 

Речиси секој рецепт за коктел содржи три основни состојки: алкохол, се разбира, што е основа на вашиот коктел, кисела состојка, како сок од лимон или лимета (зелен лимон) и блага состојка како овошен сируп или обичен шербет.

 

 

Кога овие три состојки се комбинираат на правилен начин, тогаш започнува магијата!

 

Магичната формула за да се постигне таа рамнотежа е: 2; 1; 1. 

 

Две чашки алкохол, една чашка кисела течност и една чашка сладок шербет. Шербетот може да биде било кое овошје (диња, малини, јагоди) изблендирани со шеќер или едноставно само шеќер.

 

Трикот е во тоа што киселкастиот вкус го освежува пијалакот, додека шеќерот го ублажува силниот вкус на алкохолот.

 

 

И, за крај, предлог коктел за вашата следна забава: https://goo.gl/YhBWrj

 

Предлог песна: Woldn’t it be nice – The Beach Boys (it will be nice – тоа е сигурно) 🙂

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: