Занимливости
Светот на пивото

Љубители сте на пивото, но дали знаете доволно за неговата историја, производство и видови низ светот? Одговорете на следните прашања и тестирајте се колку сте експерт за пиво! 🙂

 

1. Како научно се нарекува науката за ферментирање на пивото?

а. сакромиетика

б. зиготика

в. зимургија

г. сакормикекеа

 

2. Од која земја потекнува Старопрамен?

а. Словенија

б. Чешка

в. Холандија

г. Белгија

 

3. Која е најстара активна пивара на светот?

а. Hefeweizen

б. Heineken

в. Weihenstephan

г. Amstel

 

4. Во која земја се произведува пивото Samichlaus Bier?

а. Данска

б. Германија

в. Швајцарија

г. Белгија

 

5. Како се нарекуваат неферментираните шеќери што дејствуваат како тело на пивото?

а. пилснер

б. хмељ

в. бок

г. декстрин

 

6. Како се нарекува најсилното, црно пиво?

а. лифтбок

б. еисбок

в. хефтбок

г. ситбок

 

7. Како се нарекува втората ферментација?

а. печење

б. метилација

в. ацетилизација

г. краусирање

 

8. Во која земја во 1842 година прв пат е произведено пивото Пилснер?

 

pilsner history main (Custom)

 

а. Русија

б. Чешка

в. Германија

г. Австрија

 

9. Во средниот век, во која земја се правело најмногу пиво Трапист?

 

Rochefort-beers-640x495

 

а. Белгија

б. Шпанија

в. Англија

г. Португалија

 

10. На која пиварница и е доделена првата заштитна марка?

а. Budweiser

б. Pabst Blue Ribbon

в. Heineken

г. Bass Ale

 

11. Кое е првото странско пиво што започнало да се продава во Германија?

а. Budweiser

б. Sam Adams

в. Heineken

г. Bass Ale

 

12. Кој антички народ прв произведувал пиво?

а. Кинезите

б. Грците

в. Маите

г. Вавилонците

 

 

 

ТОЧНИ ОДГОВОРИ:

 

1-в

Доаѓа од грчкиот збор „зуму“ што значи квасење.

 

2-б

Пиварата Старопрамен е втората најголема пивара во Чешка, основана во 1869 година. Старопрамен е омиленото пиво во Прага.

 

3-в

Во 1040 година бенедиктинските калуѓери ја отвориле во Баварија, Германија. Најдобрите пивари во светот одат во Weinhenstephan за да ја изучуваат умешноста во правење на пивото.

 

4-в

Се вари само еден ден во годината, на 9 декември, и стрпливо се остава да остари 11 месеци пред да се флашира.

 

5-г

Денктринот е леплива материја која се добива со хидролиза на скробот. Во пивото и во другите течности се додава како згуснувач.

 

6-б

Бок е силно, темно лагер пиво од Германија. Eisbock е најсилното од бок пивата и содржи над 9% алкохол.

 

bok

 

7-г

Со краусирањето пивото станува побогато со јаглерод.

 

8-б

Пилснер е лагер пиво кое има истакнат вкус на хмељ. Најнапред се произведувало во чешкиот град Плзењ.

 

9-а

Трапистите се цистерцитски калуѓери кои даваат завет за молчење, можеби за да бидат поконцентрирани во правењето пиво.

 

tra

 

10-г

Логото со црвен триаголник, кое денес е многу препознатливо, било првпат доделено во 1777 година.

 

Bass-Brewery

 

11-б

Во 1985 година, Сем Адамс било првото пиво кое ги поминало строгите (reinheitsgebot) стандарди за квалитет потребни за дистрибуција на пиво во Германија.

 

12-г

Вавилонците го измислиле процесот на правење пиво пред 4000 години. Речиси секое цивилизирано општество на светот има произведено барем една марка пиво.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: