Одамна се познати помошните дијагностички методи што не мора да бидат апсолутно точни, меѓутоа понекогаш на време укажуваат на некоја болест.
Таков е и овој метод што ќе ви го претставиме, а кој се изведува многу едноставно и брзо – тоа што ви е потребно е метална лажица и ќеса.
Што треба да направите?
Чиста, голема лажица ставете ја на јазикот и малку тријте. Потоа лажицата ставете ја во чиста, проѕирна ќеса и кратко ставете ја под јака светлина (природна или од сијалица).
Ако на лажицата нема никакви траги и не чувствувате никаков мирис, вашето здравје е во ред.
Доколку почувствувате силен непријатен мирис, најверојатно имате проблеми со плуќата или со желудникот, а ако почувствувате амонијак, можно е да имате проблеми со бубрезите.
Белите или жолтите траги во дебел слој се знак на пореметување на штитните жлезди, виолетовите траги укажуваат на проблеми со респираторниот систем, циркулацијата или висок холестерол, додека портокаловата боја е сигнал за проблеми со бубрезите.
*Секако, не верувајте апсолутно на овие резултати сè додека го посетите вашиот лекар и додека ги направите потребните испитувања.