Занимливости
Топ 5 домашни сосови за скара

Летото е идеално годишно време за скара со пријателите во дворот или на терасата. Месото на скара што се подготвува на вообичаен начин е уште повкусно со домашно припремени сосови за скара. Маринадите што се подготвуваат од вкусни состојки му даваат вкус и арома на белото и црвеното месо и на зеленчукот на скара. Изненадете ги пријателите и обидете се да подготвите некои од вкусните 5 рецепти за домашни сосови за скара кои Ви ги нудиме.

 

 

Основна маринада за скара

Состојки: масло за јадење, оцет или лимон, сол, бибер, темјан/рузмарин/оригано и лук.

Начин на подготовка: Во блендер ставете ги сите состојки и убаво соединете. Употребете идентична количина на масло и оцет. Смесата чувајте ја во пластични или стаклени садови. Месото би требало да го оставите да се маринира барем половина до еден час.

 

Маринада од јогурт

Состојки: 2 чаши густ јогурт или павлака, сок од 1 лимон, малку ситно сечкан див лук, 2 лажици маслиново масло и црвен пипер.

Начин на подготовка: измешајте ги сите состојки и сервирајте го сосот ладен.

 

Сос за скара од домати

Состојки: 1/2 главица кромид, 4 лажици шеќер, 1 лажица доматен сос, 4 домати, 3 лажици оцет, масло, сол и бибер.

Подготовка: изблендирајте го кромидот и ставете го да се пропржи неколку минути со маслото и шеќерот. Потоа додајте ги лупените и исечкани домати без семки и останатите состојки. Гответе на тивок оган 5-10 минути со постојано мешање, а потоа смесата изблендирајте ја.

 

 

Овошен сос за скара

Состојки: 3 лажици путер, 2 лажици ситно сечкан кромид, 2 чешниња лук, 3 лажици оцет, 1/2 чаша сенф, 3 праски, 1 лажица виски и 1/2 кафена лажица сол.

Начин на подготовка: истопете го путерот во тава на умерен оган, додајте ги исечканите лук и кромид и гответе 3 минути. Додајте го оцетот и оставете да врие 4-5 минути. Додајте сенф и исечкани и испасирани праски (може и да ги изблендирате) и гответе уште 1 минута. На крај додајте виски и сол и убаво промешајте. Овој сос е погоден за свинско месо, но исто така оди во комбинација и со пилешко и телешко месо.

 

Сос за скара од портокал

Состојки: каранфилче, сок од 1 портокал, сируп од портокал, 2 лажици кафеав шеќер.

Начин на подготовка: измешајте ги состојките со лажица додека не се соединат. Овој сос, покрај печено месо на скара, е погоден и за пржено месо од мисирка и патка.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: