Занимливости
Топ 5 причини да јадете чоколадо

Најчесто се вели дека ни е потребно чоколадото кога сме во лошо расположение бидејќи влијае во подобрувањето на истото, но не е единствена причина поради која се консумира. Постојат уште пет добри причини зашто чоколадото е корисно и ние ќе ги наведеме за Вас:

 

Чоколадото нè прави посреќни и го зголемува либидото

 

Чоколадото го зголемува нивото на сератонин, еден од околу 50-те невротрансмитери во мозокот, кој игра важна улога во контролата на определени функции од кои расположението и сексуалната желба.

 

Чоколадото е богато со прехрамбени влакна и нè заситува

 

Дури и да сте на диета, еден ред чоколадо е подобро отколку некоја смеса од крем и слично.

 

Чоколадото ја зголемува мозочната активност

 

Црното чоколадо со висок степен на какао ја зголемува мозочната активност и ни помага во учењето и концентрацијата. Поради содржината на флавиноиди, се препорачува негова почеста консумација.

 

Чоколадото е добро за кожата

 

Нивото на флавоноидите во црното чоколадо исто така е добро и за кожата бидејќи благодарение на овие антиоксиданти, се заштитува од штетните ултравиолетови зраци.

 

Чоколадо за поголема имагинација!

 

И на крај, чоколадото е секогаш одлична идеја бидејќи нè враќа во детството. Сите ние тежнееме кон имагинацијата и магијата во нашиот живот, кои не опстануваат без чоколадата!

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: