Занимливости
Топ 9 состојки против сува кожа

Кога времето станува ладно и суво, посебно е важна правилната нега на кожата. По тоа не се подразбира само надворешното хидрирање со разни креми и лосиони за сува кожа, туку е потребно и внатрешно хидрирање! Како што старата изрека вели, ти си тоа што јадеш, јадењето на храна која ја прави вашата кожа мека и мазна, е во исто време и многу вкусна и лесна за подготовка. Ви претставуваме топ 9 состојки кои ќе ви помогнат да ја хидрирате кожата оваа зима.

 

Вода 

Најважното нешто што можете да го направите за да ја одржувате кожата хидрирана е да пиете многу вода.

 

voda

 

Авокадо

Авокадото е одличен извор на витамини Ц, Е и мононезаситени масти, кои и помагаат на кожата да остане хидрирана.

 

avokado

 

Риба

Лосос, харинга, скуша, сардини и пастрмка се сите одлични за вашата кожа. Рибата содржи омега-3 масни киселини, кои ги зајакнуваат клетките на кожата, помагаат во заштитата на кожата од сонцето, ја штити кожата од рак, и помага да се намали воспалението. Одредени риби, исто така, содржат селен, кој го зачувува еластинот во кожата, помагајќи вашата кожа да остане еластична, мазна и цврста. Избегнувајте длабоко пржена риба (маслата од пржењето се ужасни за вашата кожа), и одлучете се за риба на скара или печена.

 

losos

 

Портокалов и жолт зеленчук

Портокаловиот и жолтиот зеленчук содржат бета-каротин што е познато дека е одличен за кожата. Тоа е антиоксиданс, кој помага во борбата против сува кожа и заштита на кожата од штетните сончеви зраци. Повеќето зеленчуци исто така, содржи витамини А и Ц, кои помагат при обнова на ткивата и производство на колаген. Под жолт и портокалов зеленчук се подразбираат слатки компири, моркови, кајсии, диња, црвени пиперки, манго, тиква, и папаја.

 

kompir-i-tikva

 

Маслиново масло

Маслиновото масло е логор полн со витамин Е и добри масти, кои ќе ја хидрираат вашата кожа од внатре (со консумација) и од надвор (со локална апликација).

 

maslinovo-maslo

 

Листовидни зеленчуци 

Спанаќ и други темни, листовидни зеленчуци се преполни со железо, омега-4 масни киселини и витамини А, Б и Е, кои ја штитат кожата и го подобруваат вашиот имунолошки систем. Фитохемикалиите и фолатите помагаат при одржување на здрава и хидратантна кожа.

Предлог за консумација е зеленчук поготвен на пареа како прилог на некое јадење или свежа салата зачинета со маслиново масло во комбинација со авокадо. Зеленчук, како кељот, исто така може и да се консумира печен.

 

spanak

 

Ореви и семки 

Оревите, семките и јатките се многу моќна храна. Тие содржат омега-3 масни киселини, витамини А, Б и Е, мононезаситени масти и минерали и голем број на антиоксиданси. Овие состојки ја хидрираат кожата, ја помагаат нејзината еластичност, помагаат и во обновувањето на клетките и ја заштитуваат од штетното дејство на слободните радикали.

Бадемите, оревите, лешниците, ф’стаците, семките од тиква, лененото семе и семките од сончоглед се здрави намирници кои ги содржат сите споменати бенефиции за кожата и може да ги јадете за ужинка, за појадок со јогурт и житарки, печени во мафини, или како прилог со солени јадења од пилешко месо или печена риба.

 

orevi-i-semki

 

Јајца

Јајцата изобилуваат со протеин, кој помага во обновувањето на клетките, и содржат сулфур и лутеин кои што ја хидрираат кожата и ја прават еластична. Јајцата, исто така, ја хидрираат кожата и по надворешен пат така што би било одлично да си направите маска од матени белки и да ја нанесете на лицето и на вратот и потоа да ја измиете со топла вода. Како храна, јајцата се најдобри варени, но еднакво вкусни се и пржени на око или кајгана.

 

jajtse

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: