Неколку намирници што се лесно достапни на почетокот на есента, можат да бидат навистина корисни за здравјето на човекот. Прочитајте кои се и какви карактеристики имаат и дознајте ги бенефитите што ги носат овие намирници за организмот на спортистите.
Чичока (Helianthus tuberosus)
Позната во нашите предели како див компир, чичоката е погодна за:
-слабеење
-благосостојба на цревата и стомакот
-го контролира нивото на холестерол
-помага при дијабетес
-го регулира крвниот притисок
За спортските типови, чичоката е најдобро да се консумира сирова, во салати и како прилог на главното јадење, за подобрување на функцијата на органите за варење и крвните садови и за зајакнување на мускулната маса.
Праз
Празот е погоден за:
-прочистување
-рамен стомак и слабеење
-зајакнување на имуниот систем
-подигање на либидото
За спортистите кои го консумираат сиров, во салати, или варен како гарнир со месо и риба, има антибактериски својства и претставува одлична намирница која помага за ослободување на организмот од вишокот токсини.
Грозје
-погодно за срцето и крвотокот
-помага за подобра циркулација на крвта
-ги заштитува клетките од штетното дејство на слободните радикали
За атлетските типови, грозјето е одлична алтернатива за надокнадување на вода, соли и шеќери кои се потрошени при вежбањето, трчањето и спортските активности.