Занимливости
Торта во форма на капка вода – вистински хит

Raindrop cake – торта што наликува на голема и безбојна капка вода во чинија. Станува збор за лесен, деликатен и освежувачки десерт што имате 30 минути време да го изедете. Откако направи вистински бум во Јапонија во последниве две години, сега оваа „капка“ ги заинтригира и гурманите во Америка кои ги сакаат новитетите, па затоа може да ја најдете во многу ресторани низ Бруклин.

 

Капката торта и нејзиното потекло

Капката торта е со потекло од Јапонија. Имено, во 2014 година е создаден десертот Mizu Shingen Mochi (Mizu – вода) кој е инспириран од традиционалните јапонски благи составени од желатин и ориз. Колачот оди со шолја зелен чај и се подготвува на 31 декември како традиционален колач за среќа во новата година.

Од овој десерт се создава таканаречената ”Raindrop cake” или „Капка торта“ како варијанта од јапонскиот рецепт за традиционалниот колач од желатин.

 

Од што се состои капката торта

Капката торта е подготвена од идејата за традиционалниот јапонски колач и се состои од вода од Алпите во Јужна Јапонија, поточно од планината Каикома. За згуснување и форма на смесата се употребува „агар агар“ – полисахарид од црвени алги кој се користи во кулинарството како природен стабилизатор и згуснувач.

Тортата се служи со темен сируп од шеќерна трска што ѝ дава сладок вкус и со „кинако“ – соја во прав. Има малку калории и нема масти бидејќи станува збор за желатин со засладена вода. Претставува совршен десерт за одржување на формата и тенката линија.

 

 

 

Имате 30 минути за да ја изедете!

Тортата е премногу деликатна и не трае долго време: потребно е да се чува постојано во фрижидер на ниска температура и откако се послужува, по половина час се топи низ чинијата. Затоа, имате помалку од 30 минути за да земете вилушка и да го вкусите овој мек и деликатен десерт пред да се претвори во течност!

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: