Занимливости
Трикови и совети во кујната од Гордон Ремзи

За да бидете одличен готвач потребно е многу пракса и учење, меѓутоа потребно е и да знаете и по некој мал трик: ви одвоивме неколку кујнски совети на мегапопуларниот британски готвач Гордон Ремзи кои ќе ви помогнат во секојдневната припрема на јадењата.

 

Привилегијата да се зготви правилно било каков вид на храна е уметност и најдобрите готвачи како Гордон Ремзи го знаат тоа: потребно е да стекнете знаење за готвењето, за подготвката дури и на наједноставните јадења, да ги знаете правилните состојки и да знаете како се готват. Но, најдобрите готвачи, исто така, знаат и неколку корисни трикови за подготовка на највкусните јадења, па и мали совети за како да ги употребувате состојките. Еве неколку од кујната на Гордон Ремзи:

 

Gordon-ramsay

 

-За да биде крцкаво свинското месо, се прелива со врело масло пред да се пече во рерна.

-За брзо да го оладите виното (за шест минути), ставете го во кофа со мраз во која ќе ставите грст сол.

-За  да ги излупите доматите, направете крст со ножот, ставете ги неколку секунди во зовриена вода, потоа веднаш ставете ги во вода со мраз.

-За повкусна чорба, во текот на варењето ставете пармезан. Покрај тоа, ставете и малку путер на крајот на варењето.

-Ако имате вишок ароматични билки, не ги фрлајте, туку исечкајте ги, додајте путер и чувајте ги во замрзнувач. Се ставаат секогаш при крајот на готвењето.

-За да проверите дали јајцето е свежо, ставете го во ладна вода: ако лебди на површината, не го јадете. За полесно да излупите тврдоварено јајце, кога се вари во водата ставете оцет. А, доколку сакате да подготвите вкусни пржени јајца на око, гответе ги со маслиново масло, додајте им малку вода и покријте со капак.

-Ако сакате побрзо да созрее зеленото овошје, ставете го во хартиена кеса за да се забрза зреењето.

-За рамномерно набрашнување на месото, употребете пластична кеса: ставете го брашното и протресете го месото.

-Слатката павлака треба да биде на собна температура и треба да ја матите брзо. Немојте премногу да ја матите, во спротивно ќе стане како гума.

-При пржење на рибата, кожата секогаш треба да биде свртена надолу.

-Не го фрлајте во ѓубре пакувањето од путерот: искористете го за подмачкување на калапи за колачи.

-Проверете дали тортата е печена со дрвено стапче или шпагета: боцнете во средината на тестото и ако останат траги на стапчето, значи дека тортата треба уште да се пече додека вториот пат кога ќе боцнете стапчето излезе суво.

-Компирите ставете ги во ладна вода и потоа уклучете ја ринглата и варете ги.

-Проверете дали стекот е недопечен со тоа што ќе го притиснете со прстот: треба да биде мек во согласност со дланката на раката.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: