На многумина денот не може да им започне без чаша кафе. Овој магичен црн пијалок го прави утрото совршено, ви помага во целост да се разбудите и да добиете дополнителна доза на енергија. Сепак, кафето, исто така, може да биде и повеќе од само пијалок.
Постојат различни начини на кои може да се користи, а меѓу нив е ефикасно лекување и освежување на проблематичната кожа. За тоа се заслужни антиоксидантите кои кафето ги има во изобилие.
За разлика од другите производи, кафето е природна ексфолијација која ефикасно ја чисти кожата и продира длабоко во порите. Нема потреба да трошите пари на скапи производи за нега на лицето, бидејќи користењето на оваа маска ќе ви даде подеднакво ефективни резултати.
Ви требаат само две состојки: кафе и млеко. Препорачуваме користење млеко со низок процент на маснотии. Подготовката е едноставна. Направете мешавина со комбинирање на двете состојки:
Нанесете ја маската на лицето. Како и со секоја маска, избегнувајте ја областа околу очите. Оставете ја да делува околу 20 минути. За тоа време пијте ја вашата утринска доза црно кафе. Мирисот ќе делува на сите ваши сетила и ќе се релаксирате, додека маската го чисти лицето и ја враќа хидратацијата.
На крај исплакнете ја маската со топла вода и започнете го новиот ден освежени и подмладени!
Зошто да ја користите оваа маска?
– Кафето ја зголемува циркулацијата и на тој начин ја обновува кожата.
– Богато е со антиоксиданти кои продираат длабоко во порите на кожата и го чистат лицето.
– Се создава штит против штетните УВ зраци кој го спречува оштетувањето на кожата.
– Мазната текстура на кожата по користење на маската е феноменална. Крајните резултати сигурно ќе ве убедат дека мора да ја користите оваа маска како дел од утринската рутина!