
Ако кичмата е здрава – целото тело е здраво.
Познатиот јапонски исцелител Kacudzo Nishi отсекогаш велел дека причината за сите болести треба да се бара во ‘рбетот и топло ја препорачувал секојдневната практика на вежбата “Златна риба”.
Оваа вежба го зајакнува ‘рбетот и има позитивен ефект врз општата состојба на човекот.
Вежбата “Златна риба” ги хармонизира нервите и ослободува од притисок. Со тоа овозможува, не само корекција на ‘рбетот, туку и регулирање на физиолошките функции на сите системи и органи, води до координација во работата на надворешниот и внатрешниот нервен систем. Ја подобрува циркулацијата на крвта на секоја клетка во телото, го корегира држењето на телото, ја зголемува циркулацијата на крвта.
Покрај тоа, функцијата на цревата, црниот дроб, бубрезите, кожата, срцето, мозокот е подобрена.
Со цел да се постигне максимален ефект, вежбата се изведува наутро и навечер, почнувајќи од 1 минута, постепено доведувајќи го времето до 3 минути.
Резултатот ќе биде забележан неколку дена подоцна, и вашето тело ќе ви биде благодарно.
Вежба “Златна риба”
Стартна позиција: легнете на грб, на рамен кревет или под, свртени нагоре; Истегнете ги рацете онолку колку што можете и ставете ги зад главата; нозете се целосно испружени, а стапалата се под прав агол во однос на телото; а ножните прсти се свиткани накај лицето. Петите и бутовите се потпрени на подот (особено долниот дел).
Пред да започнете со вежбата внимателно истегнете се неколку пати додека броите до “7”, истегнете го ‘рбетот на сите страни: петата на десната нога влечете ја по подот напред, а со двете истегнати раце истовремено се тегнете во спротивна насока, истото повторете го и на левата страна. Повторете го ова 5-7 пати, со секоја пета и двете раце.
Ставете ги дланките под вратните пршлени: свиткајте ги лактите, со целото тело лежете на подот, спојте ги нозете, ножните прсти насочете ги кон лицето. Во таа положба започнете со брзо мрдање (вибрирање) на телото од десно кон лево, како риба која брзо плива. Во исто време, ‘рбетот треба да биде неподвижен, а движењето од десно кон лево е само со табаните кои се под прав агол во однос на телото, како и со главата.
Замислете дека сте риба и почнете да вибрирате со перките. Целото тело ќе почне да ви вибрира. Оваа вежба треба да се работи 1-2 минути (или броете до 120 или 240).
Додека ја правиме оваа вежба, пумпањето на крв во вените се зголемува бидејќи се напрегаат мускулите во сите делови на телото, особено во вените на долните екстремитети, што ја враќаат крвта назад во срцето. Во исто време, протокот на крв се забрзува.
На почетокот, ќе биде малку необично, но брзо ќе се навикнете и ќе ја засакате оваа вежба. Вежбата е навистина одлична и по кратко време, ќе ги почувствувате сите нејзини придобивки.
Погледнете го видеото за да ви биде појасно како се изведува оваа вежба.