Исхраната може да влијае на вашите алергии. На пример овошјето како јаболки или пак виното можат да бидат иритирачки за луѓето кои се алергични на полен. Црвеното вино може да предизвика алергии, бидејќи содржи сулфити.
Еден од знаците за надоаѓање на пролетта е бранот на сезонски алергии кои влијаат на многу граѓани секоја година. Алергиски ринитис (исто така познат како поленска треска или едноставно алергија) се јавува кога имунолошкиот систем реагира на честички од воздухот. Имунолошкиот систем ги идентификува овие честички како страни, поттикнувајќи кивање, кашлање и течење на носот. Симптомите на алергискиот ринитис вклучуваат постојано кивање по будењето наутро и чешање на очите.
Најчестиот предизвикувач на алергија во пролет е поленот, кој се ослободува во воздухот од цвеќиња, дрвја и други растенија во процесот на цутењето. Меѓутоа еден посебен вид полен е особено проблематичен: поленот од бреза.
Истражувачите заклучиле дека со консумирање на свежи суровини и производи може да се влошат одредени симптоми кај луѓето кои се алергични на полен – состојба позната како полен-нутритивен алергиски синдром или орален алергиски синдром. Протеините во храната како што се јаболка, целер и лешници се структурно слични на поленот од брезата, кој го активира имунолошкиот одговор сличен на блага алергиска реакција.
За среќа, кога оваа храна се готви, протеините се разложуваат и би требало да не се случи било каква алергиска реакција.
Сепак, важно е да се знае која храна е безбедна за грицкање, а кој ќе ви предизвика чешање на непцата и потечена уста.
Ова се 7 видови храна што може ја влошат состојбата од пролетните алергии.
1. Јаболко
Едно јаболко на ден треба да го држи лекарот подалеку, но ова овошје може да го опустоши устите на луѓето кои се алергични на полен. Овој ефект се јавува само со консумирање на свежа јаболка, така да слободно направете си пита од јаболки.
2. Моркови
Тешко е да се помириме со фактот дека дури и омилената здрава храна како морковите може да ја влоши ситуацијата на оние кои страдаат од пролетните алергии. Кога се консумира свеж, морковот може да предизвика некои благи симптоми како што е течење на носот или чешање на грлото, но ова може да се избегне ако се меша во супа.
3. Целер
Можете да јадете целер колку што сакате без да ја зголемите телесната тежина, но нискокалоричниот зеленчук може да предизвика авто-имунолошка реакција кај луѓето со чувствителност на полен.
4. Лешници
Лешникот (па дури и арома на лешник) може да ги влоши симптомите на алергија од полен, но било кој вид на реакција од лешници треба да се сфати сериозно. Ако почувствувате било каков вид на чешање, пецкање, или оток во устата по консумирање на лешници, треба да посетите алерголог или имунолог.
5. Киви
Киви е мало овошје, но може да предизвика сериозна иритација на грлото и синусите. Избегнувајте јадење на киви за време на пролет за да се спасите од било каков вид на несакани алергиски реакции.
6. Магдонос
Оние зелени декоративни листови што им даваат шмек на вашите јадења се безопасни – освен ако немате есенски и пролетни алергии. Симптомите на алергијата се активираат со конзумирање на премногу свеж магдонос, затоа избегнете го овој гарнир во тие периоди.
7. Црвено вино
Црвеното вино има здравствени придобивки, но исто така содржи сулфити, кои може да предизвикаат алергии. Една студија покажа дека жените што консумираат 14 чаши вино неделно речиси двапати поверојатно е да имаат постојано затнат нос во споредба со жените кои пијат помалку.