Доколку сте љубители на вежбање преку забава тогаш овој настан е вистинскиот избор за вас.
Клубот PLAY FIT MOVE Ве поканува на тридневниот настан во Скопје – денс – фитнес часови по Зумба, Урбанајз (ХИП ХОП и БАНГРА), Салсејшн и уште мнооогу други изненадувања.
Настанот ќе се одржи на 16ти септември, петок а за локациите ќе бидете дополнително известени.
Доколку сакате да се дружите со мастер тренерите и добро да се испотите низ игра, потврдете го вашето присуство до 31ви август на телефонскиот број 071262281 или на фејсбук профилите на Emilija Apostolska/ Andrea Apostolska/ Play Fit Move.
Распоред:
Петок 16ти септември
Урбанајз работилница со ко- креаторот на Урбанајз- Денис Томсен- 16-19ч
Урбанајз Мастерклас со ко- креаторот на Урбанајз- Денис Томсен- 20-21ч
Зумба инструктори- 21ч- 22:30ч
Сабота 17ти септември
Зумба на вода час- 11ч
Салсејшн час – 12:30ч
Урбанајз Мастерклас со Емилија и Урбанајз инструктори- 13:30ч
Загревање и ладење работилница со Даво Гарсија за ЗИН инструктори
Зумба Мастерклас со Даво Гарсија- 19- 20:30Ч
Забава 22:00
Недела 17ти септември
11ч Урбанајз Мастерклас со Емилија и други инструктори
Информирајте се повеќе околу настанаот на официјалната фејсбук страна https://www.facebook.com/events/1744519299134971/