Занимливости
Вино: како да го употребувате при готвењето?

Виното, освен како одличен придружник на јадењето, отсекогаш се употребува и како состојка при готвењето. Аромата, киселоста, свежината и топлината на виното се одлични елементи за домашно припремени јадења, но и во рецептите на многу готвачи во рестораните низ светот.

 

Уште во времето на римската цивилизација, виното се употребувало како состојка за маринирање на месото пред готвењето за да му даде поубава арома и вкус.

 

Карактеристично за виното во процесот на готвењето е тоа што алкохолот се елиминира со испарувањето, а јадењето добива посебен шмек благодарение на неговиот вкус и арома.

 

Техники на готвење со вино

 

-За припрема на месо:

 

Виното како состојка најчесто се употребува при приготвување на месо и на помасни јадења. Со својата природна киселост ја ублажува масленоста и предизвикува мириси што ги збогатуваат јадењата.

 

Црвеното вино е препорачливо да се употребува кај јадења што е потребно подолго готвење. На пример за готвење на црвеното месо како додаток е идеално црвеното вино кое е посилно и „потешко“, за разлика од белото месо што подобро се готви со бело вино кое е деликатно и ароматично.

 

01

 

-За маринирање на месо

 

Виното е исто така одлично за маринирање на месото пред да се приготви. Пред да го печете месото на скара или пред да го пржите, задолжително маринирајте го во вино. Измешајте во сад вино, исечкан лук, сол, бибер, рузмарин или темјан и маслиново масло и потопете го месото во маринадата, па оставете го најмалку 3 часа во фрижидер да отстои пред приготвувањето. Така ќе омекне и ќе има поубав вкус.

 

-За чорби, риба, ориз и сосови

 

Црвеното вино е одлично како додаток за шмек на потемните чорби, сосови или за манџи и гулаш што се приготвуваат подолго. Белото вино оди со риба, ориз, бистри супи и чорби, а розе виното употребете го и за риба и за месо.

 

02

 

-За десерти

 

Благите вина се идеални за да му дадат шмек на вашиот омилен десерт. Неколку капки во рецептот и нема да се покаете.

 

За крај, важен е квалитетот на виното за одличен резултат на јадењето. Избегнувајте ги покиселкастите вина и одберете поблаги и поквалитетни за готвењето.

 

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: