Занимливости
Витаминот Ц го намалува дејството на загадувањето

Земање дополнително количество витамин Ц помага во неутрализирањето на штетните последици врз белите дробови при вдишување загаден воздух, велат американските научници.

 

Научниците од Универзитетот во Северна Каролина и Националниот институт за здравје од Бетес во Мериленд утврдиле дека дополонителниот витамин Ц му помага на организмот во борбата против оштетувањата што ги нанесуваат отровите и загадувачите на околината.

 

Во најновото истражување е утврдено дека лицата што земаат дополнително количество витамин Ц имаат подобра функција на белите дробови.

 

Според нивно мислење, земањето витамин Ц може да им се препорача не само како превентива туку и како лек на лицата кај што веќе дошло до пречки во функцијата на белите дробови поради дејството на загадувачите.

 

Освен витаминот Ц, слично дејство имаат и витаминот Е и бета-каротинот.

 

Во прилог смути богато со витамин Ц кое има освежителен вкус на портокал со црта на ванила: https://goo.gl/8Hj2zf

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: