Занимливости
Водич: каде да најдете здрав и вкусен појадок во Скопје?

Ако сте на посебен режим на исхрана или едноставно сакате денот да го започнете здраво, а сепак наутро немате многу време да подготвувате нешто здраво и вкусно за појадок (освен ако тоа не го направите уште од претходната ноќ), добрата вест за вас е дека во Скопје може да најдете доста интересни места за јадење здрава храна.

 

Ние решивме септември да го започнеме со здрави навики, повеќе спорт и правилна исхрана, па затоа направивме мало истражување низ скопските локали каде може да најдете нискокалорична храна богата со здрави состојки.

 

Се задржавме на тема појадок, бидејќи, секако, денот по утрото се познава 🙂

 

Ви ја претставуваме нашата омилена листа на појадоци во некои од скопските локали што нудат здрава и нискокалорична храна.

 

Ќе започнеме со Протеин. Протеин го дознавме преку kliknijadi.mk и така започна нашата приказна. Се решивме да нарачаме Кајгана спанаќ, Палачинки со кокос и портокал и Овесни снегулки, протеински со путер од кикирики, бидејќи нели, за една работа не можевме да се одлучиме, а и не погрешивме.

 

Кајгана спанаќ

 

IMG_7447

 

Самото име кажува многу за себе. Вкусно приготвена кајгана со листови спанаќ, црвени печени пиперки и домати. Богат протеински појадок, не многу зачинет, баш како што треба и како што бараат сите активни вежбачи.  Количински е повеќе од доволно и ќе ве држи сити до ручек без проблем.

 

Палачинки со кокос и портокал

 

IMG_7448

 

Кој би помислил дека здравите палачинки можат да бидат вкусни колку обичните? Направени од белки, овесни снегулки, whey протеин, банана, кокос, портокал и мед и со парчиња црно чоколадо, овие палачинки се безглутенски, без рафиниран шеќер и со високо количество на протеини. Убедливо се највкусните и најмеките палачинки што некогаш ќе ги јадете. Морате да ги пробате за да ни поверувате!

 

Овесни снегулки, протеински со путер од кикирики

 

IMG_7445

 

Како и сите работи кои ги пробавме од Протеин, и овесните снегулки не разочаруваат бидејќи добивате пооолна чинија со која, како што се вели, ќе се најадете како човек. Овесни снегулки со whey протеин, млеко, мед, банана, несолена урда и путер од кикирики за здрав, високопротеински појадок. За наш вкус можеби малку преблаго, но сепак вкусно!

 

На GoHealthy фанови сме од самиот почеток и имаме пробано речиси сè. Но, овој пат се одлучивме за Веган Врап, Бери парфе и Чоко чиа како опција за лесен појадок.

 

Веган Врап

 

IMG_7493

 

Името не мора да подразбира дека е само за оние кои не се љубители на сувомеснатите производи – овој врап ќе им се допадне буквално на сите што сакаат да појадуваат солено и зеленчук. Направен е од интегрални тортиљи, кои се многу вкусни, а во внатрешноста е богат со микс зеленчуци и сос кој го обожававме! Кој вели дека појадокот мора да содржи само овошје?

 

Чоко чиа

 

IMG_7492

 

Од сè може да се откажеме, а од чоколадо никако –  парче од ова слатко задоволство мора да се најде на менито. Чиа семињата се многу здрава и корисна намирница, а во комбинација со бадемово млеко и какао чоколадо е одличен избор за љубителите на чоколадниот вкус што сакаат да се хранат здраво.

 

Бери парфе

 

IMG_7491

 

Овошен јогурт со fancy име 🙂 Ако не сте расположени за тежок појадок, тогаш чашка од овошното парфе на GoHealthy е изборот за вас. Шумско овошје, гранола, мусли со шумско овошје и павлака се состојките кои го прават овој овошен појадок свеж и здрав.

 

Сквиз ми нè примами да го посетиме со врвните слики од нивното мени на нивниот инстаграм профил (не е до ефектите, навистина добро изгледаат). Искрено, тешко беше да се одлучиме што да земеме поради огромниот избор, но на крај се решивме за нешто ново.

 

Пилешки сендвич

 

IMG_7549

 

Можеби ќе си кажете што има толку посебно во пилешки сендвич, и да, во право сте. Но, овој сендвич ни го освои срцето со својата едноставност. Варени пилешки гради со тиквички и биено сирење во интергално чиабата лепче. Појадок за оние кои сакаат да си каснат мевце на сабајле за да ги држи сити низ целиот ден.

 

Смути во чинија

 

IMG_7550

 

Ултра здрав појадок во чинија – изгледа така добро и примамливо, smoothie bowl ќе ви ја даде потребната енергија преку целиот ден. Нам лично многу ни се допадна и со сигурност повторно ќе го пробаме (и ќе го сликнеме за на инстаграм, секако).

 

Soho Takeaway беше нашата последна дестинација. Решивме да се освежиме со детокс смути и да продолжиме енергично со работните обврски.

 

Детокс смути

 

IMG_7548

 

„Едно јаболко на ден и не ви е потребен доктор’’ – познатата англиска изрека може да ве натера да го пробате ова смути со јаболки, спанаќ, спирулина и свежо нане. Наутро понекогаш тоа што ви е потребно е чистење на организмот, а го добивате токму со овој зелен антиоксидантски пијалак. Земете си детокс смути за носење и започнете го денот на правилен начин.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: