Научете како да ги зачините вашите јадења и да ги направите повкусни со овој водич за зачини. Станете мајстор за зачинување и никогаш повеќе нема да подготвите блуткаво јадење.
Дознајте секој зачин со кој зеленчук или овошје оди најдобро во комбинација, со кои протеини, во што да го искористите и со кои други зачини може да го искомбинирате.
Босилек
Зеленчук: бабура пиперка, модар патлиџан, компири, домати, тиквички
Протеини: сирење, пилешко месо, риба, свинско месо
Користете го во: прелив за салати, сосови, маринади
Комбинирајте го со: лук во прав, рузмарин, мајчина душичка, мајоран, оригано
Ловоров лист
Зеленчук: компири, домати, печурки
Протеини: грав, боранија, школки
Користете го во: рижото, супи
Комбинирајте го со: оригано, жалфија, мајчина душичка, мајоран
Кардамон
Зеленчук и овошје: морков, цитрусни овошја, пченка, грашак, сладок компир, тиква
Протеини: пилешко месо, месо од патка, боранија, свинско месо
Користете го во: кари, ориз
Комбинирајте го со: цимет, ким, ѓумбир, куркума
Чили пиперка
Зеленчук: модар патлиџан, компири, тиквичка, бабура пиперка, пченка, домати
Протеини: пилешко месо, говедско месо, риба
Користете го во: ориз, супи, прелив за салата, сосови, маринади
Комбинирајте го со: ким, пипер, цимет
Цимет
Зеленчук и овошје: јаболка, морков, круша, сладок компир, тиква
Протеини: пилешко месо, јагнешко месо
Користете го во: овошни сосови, десерти, лебови
Комбинирајте го со: каранфилче, морско оревче
Каранфилче
Зеленчук и овошје: јаболка, цвекло, тиква, домати, сладок компир
Протеини: јагнешко месо
Користете го во: кари, супи, маринади, десерти, лебови
Комбинирајте го со: цимет, морско оревче, босилек
Коријандер
Зеленчук: бабура пиперка, компири, кромид, домати
Протеини: пилешко месо, говедско месо, риба, свинко месо, тофу
Користете го во: кари, супи, сосови, смеса за полнење, маринади
Комбинирајте го со: чили во прав, цимет, ким
Кумин
Зеленчук: модар патлиџан, тиквички, домати, моркови, пченка, боранија, грав
Протеини: пилешко месо, говедско месо, риба, тофу, свинско месо, леќа
Користете го во: ориз, манџи, супи, сосови, маринади
Комбинирајте го со: лук во прав, куркума, ѓумбир, цимет, оригано
Лук во прав
Зеленчук: зелка, домати, тиквички, моркови, печурки, грав
Протеини: пилешко месо, говедско месо, риба, тофу
Користете го во: супи, манџи, сосови, пржени јадења, маринади
Комбинирајте го со: оригано, кумин, коријандер, куркума
Ѓумбир
Овошје и зеленчук: моркови, сладок компир, грав, тиква, цитрусни овошја
Протеини: пилешко месо, говедско месо, риба, тофу, свинско месо
Користете го во: ориз, манџи, пржени јадења, маринади
Комбинирајте го со: лук во прав
Морско оревче
Овошје и зеленчук: зелка, брокула, тиква, моркови, карфиол, сладок компир
Протеини: јагнешко месо
Користете го во: ориз, смеса за полнење (пример за полнети пиперки), сосови
Комбинирајте го со: каранфилче
Оригано
Зеленчук: артичока, домати, пиперки, тиквички, компири, печурки, грав
Протеини: пилешко месо, јагнешко месо, риба, свинско месо
Користете го во: супи, доматни сосови, маринади
Комбинирајте го со: чили во прав, ловоров лист, мајчина душичка
Црвен пипер
Зеленчук: пиперки, карфиол, брокули, компири
Протеини: пилешко месо, јагнешко месо, морска храна, тофу
Користете го во: ориз, маринади, супи
Комбинирајте го со: лук во прав, чили во прав, кардамон, цимет, кумин
Рузмарин
Зеленчук: печурки, грашак, компири, кромид, грав
Протеини: риба, пилешко месо, јагнешко месо, свинско месо
Користете го во: маринади
Комбинирајте го со: лук во прав, босилек, мајчина душичка, оригано
Мајчина душичка
Зеленчук: моркови, домати, тиквички, грашак, боранија, карфиол
Протеини: пилешко месо, говедско месо, јагнешко месо, свинско месо, леќа, риба
Користете го во: супи, преливи за салата, маринади
Комбинирајте го со: оригано, рузмарин
Куркума
Зеленчук: зелка, карфиол, компири, сладок компир, грав
Протеини: пилешко месо, леќа, тофу, риба
Користете го во: ориз, манџи
Комбинирајте го со: кардамон, лук во прав