Занимливости
ЗАБАВЕТЕ ГО СТАРЕЕЊЕТО НА КОЖАТА: Променете ги вашите навики и подмладете го телото и духот

Со здравиот начин на живот го зачувуваме нашето здравје, кое прво се гледа на кожата. Младоста главно произлегува од состојбата на нашиот дух и се одразува на надворешниот изглед. Со здравиот начин на живот и работење на себеси, можно е да ја подмладиме и кожата.

 

1. Вклучете зеленчук во исхраната

Токсините влијаат врз процесот на стареење на клеточно ниво. Зеленчукот, како храна богата со антиоксиданси, го забавува процесот на стареење.

 

2. Отфрлете го шеќерот од употреба

Шеќерот го намалува животниот век на сите живи видови и предизвикува стареење.

 

3. Спиењето е неопходно

Осум часа сон се неопходни за правилно функционирање на организмот. Благодарение на спиењето, организмот се обновува.

 

4. Редовно јадете риба

Најчесто консумирајте сардини, туна и скуша затоа што е помалку масна, а е богата со омега 3 масни киселини.

 

5. Престанете да пушите

Пушењето е штетно од секоја гледна точка, а е најголем причинител на старото лице. Кожата на пушачите е без тен, често збрчкана и сива. За тоа пред сè е виновно влијанието на јаглерод моноксид од чадот од цигарите што доведува до предвремено стареење.

 

6. Пијте вода

Шест до осум чаши вода на ден ја хидрираат кожата и ги задоволуваат потребите на организмот за течности. Течност исто така може да се внесе така што ќе јадете доволно овошје и зеленчук.

 

7. Физичка активност како составен дел од животот

Физичката активност и вежбањето во согласност со вашата возраст ќе ги тонира вашите мускули и ќе им даде младешки изглед.

 

8. Избегнувајте млечни производи и јаглехидрати

Одредени истражувања покажаа дека млекото и млечните производи предизвикуваат формирање на акни, па дури и флеки. Од друга страна, обработени јаглехидрати се директна причина за разни болести и стареење на кожата.

 

9. Маслинките и кокосовото масло се големи сојузници во борбата против стареењето на кожата

Маслиновото масло содржи високо ниво на антиоксиданси и витамин Е. Ја зголемува еластичноста, ја хидратизира кожата и го спречува нејзиното релаксирање. Тоа, исто така го забрзува заздравувањето на раните и брзо ја обновува кожата. Кокосово масло може да се користи наместо крем. Малку намокрете ја кожата за да се апсорбира подобро, а потоа нанесете мала количина на масло од кокос. Можете да го користите кокосово масло во каква било форма, па дури и она за готвење кое може да се најде во продавниците за здрава исхрана. Погодно е за нега на сува кожа и има антисептично дејство.

 

10. Ментални вежби за квалитетно стареење

Покрај решавање на крстозборки и судоку, вашата ментална состојба може да се одржи со тоа што ќе се обидете да научите нешто ново секој ден. На пример, можете да се обидете со учење на зборови на странски јазици. Важно е да ја напуштите „зоната на конфорт“ и да си поставите себеси нови ментални предизвици.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: