Занимливости
Зошто пандишпанот не нараснува подеднакво?

Сте започнале некогаш да подготвувате пандишпан, вкусот бил добар, но тортата воопшто не изгледала убаво. Бил нараснат во средината, а на рабовите останал сплескан така што доколку сте се обиделе да го пресечете на две еднакви половини, тоа не ви успеало. Што да сторите? За да направите добар пандишпан, важни се две работи: матењето на јајцата и температурата на рерната. Следете ги следниве совети за да направите извонреден пандишпан. Со назначените дози ќе направите колач со дијаметар од 24 цм што е доволен за 6 лица.

 

 

1.Скршете ги јајцата, одвојте ги жолчките од белките и ставете ги во два сада. На жолчките додајте 150 г шеќер и метете ги со виљушка, или со миксер, додека не добиете нарасната, светла и пенаста смеса. Колку повоздушеста е смесата, толку повеќе ќе нарасне тестото за време на печењето.

 

zolcka

 

2. Немојте да ги матите жолчките заедно со белките. Во тој случај смесата нема да може да нарасне толку колку што би нараснала ако ги матите одделно.

 

3. Изматете ги белките во цврст снег со виљушка. За време на матењето додајте малку сол. Потоа додајте ја малку по малку смесата од жолчки и мешајте постојано во иста насока.

 

belki

 

4.  Додајте 160 грама брашно во кое претходно сте измешале ванилин шеќер. Додавајте го малку по малку и добро соединете го со смесата пред повторно да додадете брашно. Откако ќе го додадете целото брашно, продолжете да ја матите смесата додека да стане мазна.

 

belka i zolcka

 

5. Добро намастете една тава со дијаметар од 24 см и посипете ја со доста брашно за тестото да не се залепи за неа. Доколку употребувате тава со рабови што се отвараат, ќе ви биде полесно да го извадите тестото.

 

6. Немојте да употребувате керамичка тава бидејќи овој материјал многу се загрева на дното, па тестото многу лесно се лепи за него.

 

7. Сипете ја смесата во тавата и протресете ја така што ќе се распореди подеднакво во тавата. На тој начин ќе избегнете тестото да нарасне повеќе во средишниот дел.

 

vo sad

 

8. Ставете една тава наполнета со вода во рерна загреана на 170 степени. Водата, која ќе испари поради високата температура, ќе создаде одредена влажност во рерната што нема да дозволи тестото да се исуши на површината.

 

9. Печете го пандишпанот во рерната 40 минути, без да ја отворите рерната првиот половина час. На крајот, оставете го да отстои надвор од рерната 10 минути. Потоа извадете го од тавата и оставете го целосно да се олади пред да го исечете и филувате по желба.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: