Занимливости
Зошто печените компири се лепат?
Компирите се плодови што може да ги подготвите на најразличи начини, а добро се комбинираат и со други зелечуци. Децата најмногу ги сакаат пржени, најздрави се варени, а за постарите највкусни се печени. Но тие не успеваат секогаш да бидат крцкави однадвор и меки однатре. Доколку вашите печени компири остануваат сурови, или пак стануваат меки и кога ги мешате се дробат или лепат за тавата, немојте да се откажете од нив. Постојат неколку фактори кои влијаат на квалитетот на печените компири: од видот на компирите до садот во кој се печат.
- Одберете ги вистинските компири. Било да се стари или млади, за печење во рерна најдобри се оние со жолто месо бидејќи се покомпактни, цврсти и помалку брашнести, па затоа помалку е веројатно тие да се раздробат.
- Компирите излупете ги непосредно пред да започнете со нивната подготовка. На тој начин тие нема да ја изгубат влажноста и ќе останат конзистентни.
- Компирите исечете ги на еднакви парчиња. Не е важно дали ќе ги исечете на коцки или на кришки. Важно е тие да бидат колу што е можно еднакви за да можат да се испечат рамномерно.
- За печење на компирите употребете метална тава и тоа подобро доколку е тефлонска, во која компирите ќе ги собере во еден слој. Зачинете ги со масло или со путер, зачини и сол, па измешајте ги пред да ги ставите во рерна за да се зачинат од сите страни.
- Немојте да употребувате стаклени или керамички тави, бидејќи во тавите што не се метални, компирите многу лесно ќе се залепат на дното.
- Тавата со компирите ставете ја во загреана рерна. Доколку температурата е премногу ниска (идеална е 190 степени), компирите нема веднаш да заруменат и нема да ја добијат карактеристичната крцкава кора на површината. Доколку компирите се крцкави однадвор, тогаш внатре ќе останат меки. Печете ги 30-35 минути, па извадете ги.
- Немојте да ги мешате компирите првите 10 минути од печењето дури ни со шпакла бидејќи ќе се раздробат.
- Откако ќе ја извадите тавата од рерна, протресете малку за да ги извадите компирите без да ги оштетите.