Занимливости
Зошто пуслиците не нараснуваат?

Сте се обиделе ли некогаш да направите пуслици, но тие, наместо да нараснат, се залепиле за плехот? Што да сторите? Густината на пуслиците зависи од соодносот меѓу белките и шеќерот. Доколку додадете малку пченкарно брашно, тестото ќе биде постабилно.  

 

1.Измерете точни количества од состојките. Треба да употребите двојно повеќе шеќер одошто белки. За 6 лица измерете 180 г белки (околу 4-5 јајца) и 360 г фин шеќер. Како алтернатива може да употребите половина од тоа количество фин шеќер и половина од тоа количество шеќер во прав.

 

2. Не матете ги белките заедно со шеќерот. Матете ги со виљушка се додека не почнат за се формираат многу мали бранови на површината.

 

3. Измешајте го фино сомеленото пченкарно брашно ( 1 лажица) со шеќерот, па додајте ги белките.

 

4. Не го додавајте целиот шеќер одеднаш во белките бидејќи тие ќе спласнат. Додавајте малку по малку со постојано матење со виљушка, а потоа со миксер се додека белките станат цврсти, нараснати и бели.

 

meringuefull_9354_292791_VersatileMeringue_1

 

5. Додајте една лажица сок од лимон. Освен за арома, сокот ќе придонесе внатрешноста на пуслиците да остане малку помека од надворешноста и да бидат помалку кршливи.

 

6. Доколку ги сакате со малку побогат вкус, додајте 50-60 грама потпечени и исечкани лежници или исто количество чоколадни трошки.

 

7. Мешајте ја смесата со дрвена лажица постојано во иста насока, па префрлете ја во кујнски шприц.

 

8. Врз плех прекриен со масна хартија направете повеќе пуслици со дијаметар од 3 см што ќе бидат на пристојна оддалеченост едни од други.

 

1

 

9. Печете ги целувките на 130-140 степени половина час или додека се исушат. Оставете ги да се оладат во рерната со полуотворена вратичка. Доколку рерната остане затворена, пуслиците и натаму ќе се печат и ќе се исушат премногу.

 

10. Извадете ги целувките од плехот и од хартијата дури откако ќе се оладат.

 

meringue-drops

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: