Губење килограми не е лесна задача, и многу од нас имаат тенденција да ги заборават апсолутно суштинските прехранбени производи кои ни помагаат да ја постигнеме нашата цел. Ви претставуваме еден таков продукт кој треба да го вклучите во вашата исхрана за полесно да ја одржите вашата телесна тежина. Иако сте вложиле многу напор во губење на тежина, најверојатно, ќе се откажете ако немате некакви видливи резултати.
Истражувањата од државниот универзитет во Луизијана покажуваат дека луѓето кои јадат ореви секој ден имаат 25% помалку шанси да бидат дебели и 21% помалку шанси да имаат поширока половина. Консумирачите на ореви покажале понизок индекс на телесна маса и повисоко ниво на добар холестерол.
Веројатно си мислите дека тоа е лудо! Сите видови на ореви се полни со масти и калории! Но, тоа не е сосема точно. Оревите се богати со растителни протеини, растителни влакна и здрави моно и полинезаситени масни киселини, па затоа оревите се храна која всушност може да помогне да се намали апетитот.
Во прилог бројни поволности, кои грст ореви ќе ви помогнат да се чувствувате сити: ќе јадете помалку и поефикасно ќе ја намалувате телесната тежина.
Околу 1/3 чаша ореви дневно може да ви даде голем број на важни витамини, минерали и енергија кои ви се потребни во текот на денот.
Сите овие факти ги прават оревите едни од најздравите видови храна кои може да ги консумирате како закуска.