Состојки
Јајце
Јајцата се незаменлив извор на протеини, а содржат и витамини и минерали. Достапни за сите преку целата година, тие се толку лесни за приготвување и исто толку вкусни и корисни.
Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни. Во белката нема холестерол. Половината од составот на жолчката е вода. Една третина од неа припаѓа на мастите, а белковините во неа се 15-16%. Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. Јајцата се и богати со холин, кој има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти