За нас

Здраво :)

Ние, тимот од Мое Мени дојдовме до идеја нашето знаење да го примениме во практиката и сето тоа да биде корисно за младите брачни парови, за нашите мајки, тетки и баби, за сите генерации. Да примениме нешто поразлично во светот на кулинарството, да заштедиме време и пари и истовремено да се дружиме. И сето тоа преку нашиот портал МОЕ МЕНИ.

МОЕ МЕНИ нуди можност за запознавање со нашата традиционална кујна, добрите домашни пијалоци по кои сме познати насекаде во светот како и добрите ресторани кои би можеле да ги посетат туристите за време на нивниот престој. Нашата цел е содржините да бидат најнови, практични, забавни и уникатни за сите љубители на кујната. Со тоа да станеме еден од најпосетуваните веб страни во Македонија за рецепти и да биде Ваш број еден портал од кој ќе земете идеи за вашите секојдневни оброци.

Визијата на Мое Мени е да нуди рецепти за сите, од најмала возраст до оние најстарите, фитнес ориентирани, на диети, нутриционисти, вегетаријанци, вегани и сите кои се гурмани и сакаат да дегустираат традиционални јадења од ширум светот. Воедно и на сите да им го олесниме начинот на чување на рецепти, разменување на рецепти, тајни, трикови и совети во кулинарските вештини и сето тоа да биде на едно место. Можност со само еден “click” да влезете во светот на кујната и кулинарските вештини и еден интересен потсетник и водич со идеи каде и за колку пари ќе го добиете бараниот производ и за колку време ќе го подготвите бараниот рецепт.

Порталот Мое Мени нуди повеќе можности за повеќе категории на клиенти.

Корисниците, на кои им се понудени рецепти на дневно, неделно или месечно ниво,  имаат можност да добијат одличен предлог и идеја за доручек, ручек, ужина и вечера.

Порталот исто така нуди информации за актуелни промоции, настани за одредени производи потребни за самите рецепти, но и општо, и тоа според локацијата на корисниkот (најблиску до местото на живеење).

Мое Мени исто така нуди и рекламирање на компаниите преку директен маркетинг на страната на порталот. На профилот има можност за поставување на сите информации, како производи и услуги, целокупен асортиман, контакт и локација, слики и видео, каталози, понуди и акциски попусти кои ги нудат компаниите кои ќе се рекламираат на порталот.

Ова е во кратки црти за нас. За повеќе информации Ве чекаме со Log In.

Се надевамe дека оваа идеја заедно ние и Вие успешно и корисно ќе ја спроведеме.

Поздрав, тимот на Мое Мени
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: