Занимливости
14 неверојатни трикови за чист дом

Овие 14 совети се одлични за одржување на вашиот дом чист, а најдобриот дел е дека може да ги направите навистина брзо и лесно!

 

1. Микробранова печка

 

01

 

Истиснете малку течен сапун на влажен сунѓер, а потоа тријте го на нешто за да добиете добра количина на пена. Ставете го сунѓерот во микробранова печка, вклучете ја на минимална моќност 30 секунди. Отворете ја и избришете ја микробрановата во овнатрешноста.

На овој начин, чистењето на микробрановата печка не само што е многу полесно, туку и ќе помогне да ги отстраните сите лоши миризби и бактерии.

 

2. Душек

 

154805-Cleaning-Wrong-14-650-b577aa176b-1480685129

 

Со текот на времето, сите душеци стануваат валкани. За да изгледаат како нови, само треба да ги посипете со сода бикарбона, оставете ги така неколку часа и потоа поминете го душекот со правосмукалка. Сите траги од нечистотија и непријатните мириси ќе исчезнат. Овој метод исто така функционира и на постар тросед и фотеља

 

3. Даска за сечење

 

03

 

Комбинацијата на сол и лимон е одлично сретство за чистење на дрвени даски за сечење. На даската наросете сол и тријте ја со една половина од исечен лимон. Потоа едноставно исплакнете ја даската со топла вода.

 

4. Тостер

 

04

 

Со помош на стара четка за заби, многу лесно можете да ги исчистите тешко достапните места во тостерот.

 

5. Чешма

 

05

 

Истријте ја чешмата со восочна хартија и ќе се ослободите од дамките од вода подолго време.

 

6. Пегла

 

06

 

Ставете малку хартија на даската за пеглање и посипете малку сол на неа. Уклучете ја пеглата на максимум, осигурајте се претходно дека нема вода и дека функцијата пареа е оневозможена. Поминете со жешката пегла над солта – ова е трик за да се ослободи од нечистотијата.

 

7. Сребрени предмети

 

07

 

Едно парче креда завиткано во газа и сместено во фиоката или кутијата со сребрениот материјал може да помогне во спречувањето на среброто да го изгуби својот сјај.

 

8. Облека

 

08

 

Лесно може да се ослободите од маснотиите и дамките на облеката со користење распарчена креда. Едноставно протријте ја кредата на местото со дамка, а за неколку часа кредата целосно ќе ја апсорбира маснотијата. Овој метод е најефикасен за свежи дамки.

 

9. Венецијански ролетни

 

09

 

Венецијанските ролетни може да бидат многу незгодни и одземаат многу време за чистење. Малкумина сфаќаат дека всушност можете да го искористите стариот чорап за да исчистите одделни делови на ролетните со минимален напор.

 

10. Тава за пржење

 

10

 

Користењето на солта е речиси најдобар начин за чистење на тавите од леано железо. Солта апсорбира масло и помага да се отстранат парчињата од изгорената храна. Ставете сол во садот и оставете го тавчето така краток временски период, потоа исплакнете го и истријте го со сува крпа.

 

11. Тепих

 

01

 

Измешајте еден дел оцет и два дела вода заедно во шише со механизам за прскање. Испрскајте од течноста на било која дамка на тепихот и покријте со влажна крпа. Вклучете ја пеглата, поставете ја на опција со пареа и ставете ја над мократа крпа. Кажете им збогум на дамките!

 

12. Мијалник

 

02

 

Исчистете го мијалникот со сода бикарбона и стара четка за заби, а потоа ставете неколку парчиња лимон во отворот и исплакнете темелно со обична вода.

 

13. Прозори

 

03

 

Чистете ги прозорците на вообичаен начин, но исушете со весник. Овој метод ќе помогне да се отстранат сите дамки и да се даде сјај на прозорците.

 

14. Лош мирис

 

04

 

Ставете една лажичка екстракт од ванила во сад, а потоа ставете го садот во загреана рерна. Вашиот дом ќе се исполни со волшебна арома и ќе исчезнат сите непријатни мириси.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: