Занимливости
Природни начини за зајакнување на коските

Остеопорозата се јавува најчесто по педесетата година од животот како последица на намалувањето на коскената маса, при што коските стануваат кршливи и подложни на фрактури.

 

Причинители за остеопороза

 

Жените во просек се поподложни на ова заболување, а покрај менопаузата, важни причинители за настанувањето на остеопорозата се ситните коски, премалата телесна тежина и физичката неактивност.

 

Претераното консумирање алкохол, кафе, газирани пијалаци, лоша исхрана и пушење цигари исто така го зголемуваат ризикот од заболувањето и се главни причинители за недостаток на калциум.

 

Природни начини за зајакнување на коските

 

За среќа, освен класична терапија, постојат и природни начини за зајакнување на коските.

 

Со промена на исхраната, коските може да се зајакнат или барем да се забави нивното слабеење.

 

  • Јаболков оцет

 

05

 

Одамна е познато дека јаболковиот оцет е народен лек за остеопороза. Се верува дека ја зголемува киселоста во желудникот, па калциумот подобро се апсорбира.

 

Пред оброкот, испијте една лажица јаболков оцет, измешан во чаша топла вода.

 

  • Чај од копар и магдонос

 

05

 

Измијте по 200 грама магдонос и копар и прелијте ги со 1/2 литар врела, зовриена вода.  Покријте со крпа и оставете да отстои 3 часа на темно место, па потоа процедете ја течноста.

 

Оваа количина поделете ја во 3 дози и испијте ја за еден ден. Чајот пијте го со цевка бидејќи високиот процент на калиум може да ја оштети глеѓта на забите.

 

  • Супа од кромид

 

05

 

Изрендајте 2 големи главици кромид. Пржете го кромидот на масло додека добие златножолта боја. Прелијте го со 1 литар зовриена вода и варете 15 минути на силен оган.

 

Оставете да отстои половина час, процедете и поделете на 3 еднакви порции. Едната порција испијте ја истиот ден, а преостанатите во следните 2 дена. Чувајте ја супата во фрижидер и загрејте ја пред консумирање.

 

  • Физичка активност

 

05

 

Вежбањето е најважно во превенција и лечење на остеопороза, бидејќи физичката активност, во комбинација со доволен внес на калциум преку храната, природно влијае врз формирањето на коските.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: