Занимливости
9 работи што треба да ги правите секое утро пред 10 часот

„Кога ќе се разбудите во утринските часови, размислете за тоа колку скапоцена привилегија е да бидеш жив, да дишеш, да размислуваш, да уживаш, да сакаш “. – Маркус Аурелиус

 

Не мора да бидете утринска личност за да имате корист од утринските ритуали. Повеќето луѓе го исклучуваат алармот, се тркалаат од креветот и се облекуваат додека се впуштааат во нивниот ден без план.

 

Сепак, вие можете да се одлучите да му пристапите на денот со мисла. Свесноста ќе ги зголеми шансите да се чувствувате добро, ќе бидете попродуктивни и ќе бидете посреќни на крајот на денот.

 

Еве ги 9-те работи што треба да ги правите секое утро пред 10 часот за да ги наредите картите во ваша корист!

 

1. Медитирајте

 

woman-meditating-at-home-in-the-morning

 

Медитирањето или дури и некое едноставно дишење може да ви помогне да го започнете денот со чувство на смиреност. Наместо да стигнете до вашиот телефон или да ја проверувате е-поштата првото нешто наутро, потребно е само неколку минути да седнете и да уживате во тишината.

 

Со оглед на тоа дека имаме многу активности во текот на денот, обврзете се да започнете потивко. Овој трик ќе ви помогне да го зголемите фокусот, енергијата и оптимизмот.

 

2. Покажете благодарност

 

5-steps-to-amp-up-your-gratitude-attitude_0

 

„Ако единствената молитва што ја кажавте во целиот свој живот беше „ти благодарам “, тоа би било доволно.” – Мајстер Екхарт

 

Започнете го денот со размислување за тоа за што сте благодарни. Постојана практика на благодарност наутро ќе ја зголеми вашата свесност за благодарност во текот на денот. Исто така, ќе ве направи поотпорни кога ќе се појават предизвици и ќе ви помогне да ја намалите драмата.

 

3. Поставете ја вашата дневна цел

 

To-Do-List-feature

 

Во тивкиот дел од денот, пред да се преплавите со работни обврски, испланирајте го денот со фокусирање на три цели што сакате да ги постигнете.

 

Направете ги овие цели приоритет за тој ден. Кога го планирате вашиот ден со намера, поверојатно е дека ќе се чувствувате продуктивно на крајот од денот.

 

4. Хидрирајте се 

 

293884104_5466919974001_5466907326001-vs
Вашето тело се буди дехидрирано, па затоа е многу важно да се напиете вода прво нешто наутро. Во нејзината книга “The Diet Body Ecology“, Дона Гејтс препорачува да пиете половина од целиот дневен внес на вода до средината на утрото. Тоа ќе го прочисти вашиот организам од токсини, ќе ве направи да се чувствувате помалку гладни и да ги намалите главоболките во текот на денот.

 

5. Истегнете го телото

 

01

 

Ретко кој никогаш не се буди чувствувајќи се малку вкочането. Не е секогаш лесно да го вклучите вежбањето во утринска рутина, меѓутоа ако се одлучите на тоа, американскиот магазин за спортска медицина советува да одберете кратки вежби за истегнување на мускулите.

 

Истражувањата покажуваат дека краткото истегнување на телото во утринските часови може да ја зголеми флексибилноста, да ја подобри циркулацијата, да го намали стресот во текот на денот и да го подобри држењето на телото.

 

 

6. Слушајте музика

 

02

 

Започнувањето на денот со весела и забавна музика не само што ќе ве разбуди, туку ќе ве наполни со позитивна енергија во текот на целиот ден.

 

Според една студија од 2013 година се покажува дека музиката прави да се чувствувате добро. Според учесниците во студијата, двете најважни придобивки од слушањето на музиката се „регулирање на расположението” и „самосвест”.

 

Музиката не само што го подобрува вашето расположение, туку може да ја зголеми мотивацијата, продуктивноста и да доведе до подобар ноќен сон.

 

7. Смејте се

 

03

 

Започнете го денот со насмевка што ќе си ја дадете себеси во огледалото во бањата. Насмевувањето ќе има позитивен ефект врз вашиот севкупен став и благосостојба, дури и кога го практикувате малку вештачко. Насмевката ве прави попристапни и изгледате поверодостојни. Всушност, од францускиот универзитет во Монпелје откриваат дека насмевката исто така ќе ве направи поефективен лидер.

 

8. Средувајте си ги работите

 

06

 

Животот е хаотичен, а утринските рутини понекогаш се малку избрзани. Ви звучи како поприфатлива идеја кога сте во брзање да ја оставите облеката на подот, садовите во мијалникот или да го оставите ѓубрето за подоцна. Едноставно не го правете тоа.

 

Одложувањето околу чистењето и средувањето на работите може да ве спречи да го реализирате вашиот најголем потенцијал и најефикасната работа. Од друга страна, ви овозможува целосно да се опуштите по враќањето дома.

 

 

9. Прво завршете со потешките обврски

 

05

 

Можеби изгледа примамливо да започнете со куп задачи од вашата агенда кои што ќе ги завршите со леснотија, меѓутоа се покажало дека извршувањето на потешките обврски пред останатите ќе придонесе за посреќен и попродуктивен ден.

 

Поголема е веројатноста да се сеќавате на денот како добар кој се претворил во  подобар и полесен со текот на времето. Овој трик исто така че ви помогне да се одвикнете од одлагањето на работите што сакате најмалку да ги извршувате.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: