Занимливости
9 трикови да ги преживеете топлите ноќи (без клима)

Животот преку топло лето без клима се чини невозможно, но нашите баби и дедовци тоа го правеле цело време! Излегува дека научиле неколку работи во процесот. Еве ги сите оние обиди и вистински домашни стратегии за тоа како да останете свежи во лето.

 

1. Изберете памук. 

 
Зачувајте ги сатенот, свилата или постелнината од полиестер за поладни ноќи. Лесно обоени постелнини изработени од лесен памук (египетски или на друг начин) дишат и се одлични за вентилација и проток на воздух во спалната соба.

 
2. Експериментирајте со замрзнувачот.

 
Ставете ја постелнината во фрижидер или замрзнувач неколку минути пред спиење. Препорачуваме прво да ги ставите во пластична кеса (освен ако не преферирате да спиете со арома на замрзната пица)

 
3. Спијте како Египќанец.

 
Египјаните знаеле како да го направат тоа правилно. Таканаречениот “египетски метод” подразбира намокрување на прекривачот во студена вода и таков користејки го за покривање. Препорачуваме да го ставите влажниот прекривач над сув пешкир за да го избегнете мокрењето на душекот.

 
4. Оладете ги точките со пулс.

 
Треба да се оладите брзо? За да се изладите супер-брзо, нанесете мраз или ладни облоги на точките со пулс како зглобовите, вратот, лактите, препоните, глуждовите и зад колена.

 
5. Наполнете го резервоарот.

 
Напијте се чаша вода пред спиење. Превртувањето и потењето во текот на ноќта може да резултираат со дехидрација, така да претходно наполнете го резервоарот со H20.

 

6. Разладете се.

 

Ладните тушеви добиваат сосема ново значење во лето. Плакнење под ладна до млака вода ја спушта внатрешната температура и ја мие потта од вашето тело, па после туширањето ќе се чуствувате многу по свежо.

 

7. Спуштете се подолу.

 

Топлиот воздух се дига, па затоа обидете се да бидете што е можно поблиску до земја. Поставете го креветот најниско можно или доколку живеете во повеќе катна куќа обидетесе да спиете во приземјето.

 

8. Примитивна клима.  

 

Обесете влажен чаршав во соба пред отворен прозорец. Влагата во комбинација со ветрето од отворениот прозорец ќе ја изладат собата побрзо од што очекувате.

 

9. Ладни стапала.

 

Стапалата се осетливи на топлина поради бројните крвни садови и тоа може да се искористи за разладување. Потопете ги стапалата во чиста, ладна вода пред да одите во кревет. Ова ќе го разлади целото тело. И уште подобро чувајте ладна вода во кофа или друг сад покрај креветот, па разладете се во текот на ноќта, кога ќе почуствувате потреба.

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: