Занимливости
Диета: изгубете 8 килограми за 20 дена

Оваа исхрана содржи овошје и зеленчук, така што може да се спроведува без здравствени ризици. Се разбира, по диетата се препорачува нормална исхрана, со внесување на сите потребни хранливи состојки во умерени количини. Со оваа диета губите околу 8-10 кг, во зависност од структурата на телото, полот, возраста, итн. Како и во повеќето други диети, луѓето со прекумерна тежина имаат поголема шанса побрзо да изгубат тежина. Исто така, мажите губат телесна тежина побрзо од жените.

 

Исхраната бара доста жртвување и ограничувања, но дава одлични резултати. Значи, ако очекувате важен настан, или ако сакате само да го обновите гардероберот со нова облека со помала големина, изберете една од предложените опции:

 

 

Прва опција – 20 дена

 

Прв ден – тестенини со сирење или јогурт

2 ден – ориз со сирење или јогурт

3, 4, 5 ден – варена пилешка салата

6, 7, 8 ден – варено говедско месо и салата

9, 10, 11 ден – риба со салата (скуша, туна или ослиќ)

12, 13 ден – овошје и зеленчук

14, 15 ден – спанаќ, грашок,  леќа или грав

16-тиот ден – компири

Ден 17 – макарони со сирење или јогурт

18, 19 ден – ориз со сирење или јогурт

20 ден – риба со компири

 

Во сите 20 дена појадокот е ист и се состои од овесна каша со јогурт или кисело млеко. Во другите варијанти овој појадок не е вклучен.

 

Нема ограничување за количеството на храна така што можете да јадете колку што сакате од тоа што го имате на менито за тој ден. Јадете додека да се заситите, а не да се прејадете.

 

Забрането е внесување на шеќери, безалкохолни газирани пијалоци и алкохол.

 

Пилешкото или говедското месо, наместо варени, може да се подготват на скара со малку масло.

 

 

Втора опција – 21 ден

 

Прв ден – тестенини (со сирење или јогурт)

Ден 2 – тава ориз (со сирење или јогурт)

3, 4, 5 ден – пилешко (печено, пржено, варено) со салата (зеленчук)

6, 7, 8 ден – телешко месо (печено, пржено, варено) со салата (зеленчук)

9, 10, 11 ден – риба (печена, пржена, конзервирана) салата (зеленчук)

12, 13 ден – грав, леќа, боранија или грашок подготвени на каков било начин

14 ден – компири подготвени на каков било начин и салата

15 ден – зеленчук

16 ден – овошје

17, 18 ден – исто како и 1 и 2 ден

19 ден – десерт по избор

20, 21 ден – исто како 1 и 2 ден

 

 

Трета опција – 24 дена

 

1 ден – макарони со сирење

2 ден – варен ориз и сирење

3, 4, 5 ден – риба со свежа салата

6, 7, 8 ден – пилешки стек со свежа салата

9, 10, 11 ден – свинско месо или говедско месо со свежа салата

12, 13 ден – салата од варен или печен компир

14,15 ден – говедско месо со салата

16, 17 ден – ориз со спанаќ и сирење

18,19 ден – варен зеленчук

20, 21 ден – овошје

22, 23 ден – ориз со спанаќ и јогурт

Ден 24 – слатки (торта)

 

 

Исхраната за 24 дена може да се најде и во оваа варијанта

 

Прв ден – макарони со сирење или кисела павлака

Ден 2 – варен ориз и парче сирење

3, 4, 5 ден – бифтек и свежа салата

6, 7, 8 ден – пилешки стек и свежа салата

9, 10, 11 ден – свинско месо и свежа салата

12, 13 ден – варени или печени компири со свежа салата

14, 15 ден – говедско месо со свежа салата

16, 17 ден – ориз со спанаќ и сирење (додаток: јогурт, кисела павлака)

18,19 ден – варен зеленчук (боранија, грашок)

20 и 21 ден – свежо сезонско овошје

22, 23 ден – ориз со спанаќ и сирење (додаток: јогурт, кисела павлака)

24 ден – благо (торта)

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: