Занимливости
Домашен сладолед за вашиот миленик

Ние не сме единствените на кои им е топло во овие летни денови и кои посакуваат да се разладат со топка или две вкусен сладолед. За жал тој не добар за здравјето на нашите најдобри пријатели, но ние ќе ве запознеме со една домашна здрава алтенатива која на вашето куче ќе му биде омилена.

 

Ќе започнеме со тоа што во блендер ќе ставиме една банана, 900 грама ниско маслена павлака и 2 супени лажици путер од кикирики. Внимавајте состојките да не содржат вештачки шеќери бидејќи тие се штетни за вашите миленици.

Изблендирајте ги состојките убаво и смесата сипете ја во корпички за мафини. Ако сакате можете да боцнете и по една од омилените бисквити на вашето куче. Вака спремниот сладолед ставете го во замрзнувач неколку часа, додека смесата не се стврдне или оставете ги да отстојат преку ноќ.

 

Изненадете го вашето куче со освежителна награда и заедно поминувајте ги полесно летните горештини.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: