Занимливости
Хроно диета – здрав начин на исхрана

„Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како просјак“ – хроно диета или хроно исхрана. Се работи за исхрана која се базира на консумирање намирници во точно определен период од денот. Според многу истражувања, мастите кои се консумираат навечер се таложат на телото, а наутро се корисни како извор на енергија. Во принцип, дозволено е да се јаде и да се внесуваат потребните состојки на дневна база, но во определен период. Прочитајте повеќе за хроно исхраната која е вистински хит на Балканот и пошироко.

 

Како функционира хроно исхраната

Хроно диетата е создадена според истражувања за физиолошките и биохемиските процеси во човековиот организам и функционира на едноставен принцип. Се внесуваат различни видови храна во правилно време и со правилна комбинација на намирниците. Определено време меѓу оброците е 5 часа.

 

„Хроно мени“

Во тек на хроно исхраната постои определен вид намирници кои не се консумираат. Според нутритивната табела на д-р Гифинг, не се препорачува консумација одреден вид млечни производи, житарици, благо и алкохол. Затоа многу „хроно кувари/ки“ кои ја следат оваа исхрана подготвуваат свои безглутенски рецепти како леб, погачици, пити и слично или јајца со разни видови семки во комбинација со салата. Еве еден пример на дневно хроно мени:

 

  1. Појадок – шунка, путер, леб од интегрално брашно (по можност домашен) и кисело млеко. Со појадокот може да се напиете чај или лимонада.
  2. Ручек – гулаш од пилешко и тиквички.
  3. Ужина – овошје, ореви, бадеми или некоја црна чоколада.
  4. Вечера – пилешко месо и салата.

 

Период на рестрикција

Рестрикцијата е индивидуален избор, многу лица се придржуваат на хроно исхраната поради сопственото здравје иако немаат значителни проблеми со вишок тежина. Сепак, постои период на рестрикција кој трае до 28 дена и е наменет за губење на килограми и за детоксикација на организмот, каде меѓу оброците не се јаде ништо и се пие само вода или чај од билки и секој вид шеќер и овошје не е дозволен.

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: