Занимливости
Љубители на доцна вечерни ужинки? Одберете правилно

Имате потреба да каснете нешто пред да си легнете? Ужинка која е богата со протеини, како урда, е вистинскиот избор.

 

Ново истражување докажува дека консумирање 30 грама протеин 30 минути пред да си легнете има позитивни ефекти врз квалитетот на мускулите, метаболизмот и целокупното здравјте, а притоа не придонесува за зголемување на телесните масти.

 

Истражувањето на спроведено на млади активни жени во своите 20ти години – консумирале урда 30 до 60 минути пред да си легнат. Истражувачите сакале да дознаат дали оваа храна може да има влијание на метаболизмот и обновување на мускулите. Ова е една од првите студии за исхрана каде учесниците консумираат вистинска храна, наспроти протеински шејк или некоја форма на додаток.

 

Ова е важно затоа што покажува дека вистинската храна работи исто како и протеинските суплементи, и им дава на луѓето опции за исхрана пред спиење која оди подалеку од прав и шејкер шишиња.

 

Иако не може да се генерализира за целата храна, бидејќи истражувањето е направено само со урда, се надеваат дека ова ќе ја отвори вратата за идни студии што го прават токму тоа.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: