Занимливости
Сè што треба да знаете за денешниот празник Митровден

Митровден е голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој се празнува на 8-ми ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на зимата.

 

Какви се народните верувања и обичаи

 

Според народните верувања и обичаи, секој треба на Митровден да остане во својот дом бидејќи во спротивно цела година ќе биде надвор од него и ќе приспива по туѓи домови.

 

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор.

 

Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

 

За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи сè до април.

 

Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

 

Каква трпеза се подготвува

 

Доколку празникот е во денови на пости, традиционално за вечера се подготвуваат риба, гравче и сарми, се служат салати без месни и млечни производи, посна баклава и слатки. Домашното вино и домашната ракија се дел од традиционалните пијалаци што ја придружуваат празничната трпеза.

 

 

IMG_8179

 

 

Инаку трпезата на Митровден не е апсолутно посна: на празникот гостите традиционално се служат со разни видови месо, ордевери, кифлички, ролати, пити, разни крем салати и слатки.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: