Занимливости
Здрави замени за основните состојки за печење

Искористете го овој корисен водич за да научите како вашите омилени рецепти да ги направите поздрави!

 

БРАШНА

 

05 (2)

 

Внесете екстра хранливи материи или гответе без глутен со заменување на обичното бело брашно со овие поздрави алтернативи:

 

1. Пасиран црн грав наместо обично бело брашно

1 чаша пире од грав = 1 чаша бело брашно

Употреба: брауни и колачиња

Црниот грав не содржи глутен и има високо количество протеини

 

2. Кокосово брашно + јајце наместо обично бело брашно

1/3 чаша кокосово брашно + 1 јајце = 1 чаша бело брашно

Употреба: печива и палачинки

Кокосовото брашно не содржи глутен и има поголема количина на растителни влакна

* Забелешка – можеби ќе треба да се намали времето на печење

 

3. Брашно од орев (мелен орев) наместо бело брашно

1 чаша брашно од орев + 1 кафена лажица прашок за печиво = 1 чаша бело брашно

Употреба: печива

Не содржи глутен, а има високо количество протеин и омега 3 масни киселини

 

4. Интегрално пченично брашно наместо бело брашно

1 чаша интегрално брашно = 1 чаша бело брашно

Употреба: за сè

Содржи високо количество влакна и витамини

 

ШЕЌЕРИ

 

05 (2)

 

Консумираме премногу процесиран шеќер, затоа заменете го белиот шеќер со овие здрави намирници!

 

1. Ванила наместо шеќер

1/2 кафена лажица ванила = 2 супени лажици шеќер

Употреба: печива

Ванилата има помалку шеќер и содржи помалку калории

 

2. Мед наместо шеќер

2/3 чаша мед = 1 чаша шеќер

Употреба: печива

Медот содржи помалку шеќер, повеќе витамини и помалку калории

* Забелешка – намалете ја течноста на рецептот за 1/5 и намалете ја температурата на рерната за 25 степени

 

3. Агаве наместо шеќер

2/3 кафена лажица агаве = 1 чаша шеќер

Употреба: печива

Агавето има помалку шеќер и помалку калории

* Забелешка – намалете ги течностите во рецептот за 1/4 чаша по чаша шеќер која е заменета и намалете ја температурата на рерната за 25 степени

 

4. Стевија наместо шеќер

2 супени лажици стевија = 1 чаша шеќер

Употреба: печива

Стевијата содржи помалку шеќер и помалку калории

 

5. Јаворов сируп намесо шеќер

3/4 чаша јаворов сируп = 1 чаша шеќер

Употреба: печива

Содржи помалку шеќер и помалку калории

* Забелешка –  намалете ги течностите во рецептот за 3 супени лажици по чаша шеќер која е заменета и намалете ја температурата на рерната за 25 степени

 

 МАСТИ

 

Butter, two types of oil, whipped cream and mayonnaise on white background. Low carb hi fat diet. LCHF.

Печените рецепти не треба да содржат премногу масти – заменете ги со следните состојки:

 

1.Грчки јогурт наместо масло

¾ чаша грчки јогурт = 1 чаша масло

Употреба: во торти, лебови и колачи

Грчкиот јогурт е понискокалорична замена за маслото

 

2.Мелено ленено семе наместо путер

1 лажица мелено ленено семе + 1 лажица вода = 1 лажица путер

Употреба: за рецепти со ореви (торти, мафини, колачи…)

Лененото семе е здрава и веганска алтернатива, богато е со растителни влакна и омега 3 киселини

 

3.Чиа семе наместо путер

3 лажици чиа семе + 1 чаша вода = 220 грама путер

Употреба: мафини, торти и леб

Чиа семето е здрава и веганска замена за путер, богата со протеини, нискокалорична и богата со калиум

 

4. Авокадо наместо путер

1 чаша авокадо = 1 чаша путер

Употреба: брауни и колачиња

Авокадото има помалку калории

* Совет+ Пасирано авокадо можете да користите и како замена за мајонез во салати или на лепче

 

5. Банана наместо путер

1 чаша банана = 1 чаша путер

Употреба: брауни и колачиња

Бананата е веганска алтернатива, има помалку калории, помалку масти и голема количина витамини

 

ЈАЈЦА

 

05 (2)

 

Сакате да подготвите вегански рецепт? Или едноставно немате јајца во фрижидерот и барате замена. Во секој случај, овие состојки може да ви се најдат:

 

1.Банана (само за печење)

Едно јајце заменете го со една банана за приготвување на печени рецепти.

Бананата е протеинска и веганска замена за јајца.

 

2.Мелено ленено семе

1 лажица мелено ленено семе + 3 лажици вода = 1 јајце

Употреба: во печени колачи, мафини и торти

Меленото семе е веганска замена за јајца, богата со растителни влакна и омега 3 масни киселини

 

3. Чиа семе

1 лажица чиа семе + 1 чаша вода = 1 јајца

Употреба: во печени рецепти

Чиа семето е веганска и протеинска замена за јајца

 

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

 

 

05 (2)

 

Прочитајте ги следните замени за да подготвите вегански оброк или да намалите со внесувањето на млечни производи:

 

1.Грчки јогурт наместо кисела павлака

1 чаша грчки јогурт = 1 чаша павлака

Употреба: за секакви рецепти

Грчкиот јогурт е понискокалоричен и побогат со витамини од киселата павлака.

 

2.Меко тофу сирење наместо павлака

1 кафена лажица тофу = 1 чаша павлака

Употреба: за секакви рецепти

Тофу сирењето е веганска и понискокалорична  замена за павлаката

 

3. Растително млеко наместо обично млеко

Веганската замена за млекото е млеко од бадем, ориз или соја – по ваш вкус.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: