Занимливости
Кога на бебето треба да му се внесе зеленчук во исхраната?

Постојат многу дилеми кога на бебињата треба постепено да им се воведе во исхрана нов вид на храна. Конвенционо е мислењето дека мајчиното млеко е се што му е потребно на Вашето бебе. Светската здравствена организација вели дека само доењето како единствена форма на хранење на бебињата препорачлива е  до шесттиот месец. Тие препорачуваат  да се продолжи со доењето до втората година, но со постепено додавање на намирници. Што се однесува на тоа кој вид на храна, а особено кога е во прашање зеленчукот, сега некои експерти сметаат дека зеленчукот треба да се воведе во почетокот на менито на бебето што е различно од претходното мислење. Тие истакнуваат  дека бебињата треба да се хранат со  зеленчук и пред да наполнат седум месеци,  напоменуваат дека периодот од четвртиот до седмиот месец е многу важен период во животот на бебето, бидејќи тогаш најмногу се отвораат сите сетила за нови мириси и вкусови. Додаваат дека оваа фаза во овој размер никогаш повторно не се повторува во животот. Затоа ако во текот на овој период кога детето го апсорбира секој нов вкус,  треба да му се воведе зеленчукот  и  тоа подоцна во животот поздраво ќе се храни. Ако тогаш се навикне да конзумира спанаќ, брокула, моркови и да ги сака, тоа ќе биде основа за понатаму и тоа и како возрасна особа ќе се исхранува здраво.

Педијатарот Роуз Бајиќ вели дека зелениот зеленчук (брокула, спанаќ, блитва) на децата треба да им се воведат од осмиот месец бидејќи содржат одредени супстанци кои се сеуште  премногу силни за нивниот организам. Но затоа уште од четвртиот месец задолжително во исхраната да се додаде лесно сварлив зеленчук како што се оризот, компири, моркови. Покрај тоа, пожелно е да се воведе и овошје како што се јаболко, банана, круша, праска …

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: